Д-р Перо Пењушков (26 јуни 1977 во Ваташа ) — македонски доктор, исто така и интерпретатор на изворни и староградски песни, тамбураш во оркестарот на МРТВ. Тој е член на ансамблот на народни инструменти и песни „Стефче Стојковски”.[1]

Животопис

уреди

Потекнува од старо ваташко семејство, кое во Ваташа со години наназад се занимавале со земјоделие, а од занаетчиство со фурнаџискиот и воденичарскиот занает. Основно образование завршил во Ваташа, а средно медицинско училиште во Битола. Завршил Медицински факултет во Скопје, како и специјализација по интерна медицина исто така во Скопје. На Медицинскиот факултет во Скопје следел доедукации од областа на ултразвукот и спирометрија. Во 2007 година основал ординација по општа медицина „Медика Пењушкови” во Ваташа, а во 2011 година основал специјалистичка ординација по интерна медицина „Медика Пењушкови Медика”.[1]

Тој е голем љубител на народниот фолклор од најмали нозе. Тој е успешен интерпретатор на изворни и староградски песни и тамбураш во оркестарот на МРТВ. Член е на ансамблот на народни инструменти и песни, „Стефче Стојковски”, со кој пропатувал низ многу континенти и земји како културен амбасадор.[1] Освен што свири и пее, тој пишува и поезија и самиот изработува народни инструменти. Тој заедно со Стефче Стојковски се го направиле изборот на песните на цедето „Од кладенецот на Македонија“ , водејќи сметка да биде опфатена цела етничка Македонија.[2] Член е и на Ваташката чалгија, со која настапил на Првиот фестивал во историјата на чалгиската традиција во Ваташа, Македонија.[3]

Д-р Перо Пењушков во Кавадарци ја донел манжетната од кошулата на македонскиот национален борец Боро Ангелов, благодарение на неговото познанство со неговата ќерка Д-р Олга Ангеловска, која живее и работи во Пула.[4]

Добитник е на наградата „7 септември”, во 2023 година за придонес во културата.[5]

Тој е организатор на фестивалот за "Чалгиска музика" кој се одржува од 2023 година, во Моклиште, Ваташа каде настапува и тој со Ваташка Чалгија.

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 Камчевски, Петре (2012). Ваташа. Кавадарци: Музеј-Галерија Кавадарци. стр. 425. ISBN 978-608-4621-04-1.
  2. Мукаетова, Мирјана (2021-04-26). „Изворната музика ни го чува минатото“. Нова Македонија. Посетено на 2024-07-05.
  3. Мукаетова, Мирјана (2023-07-15). „Прв фестивал во историјата на чалгиската традиција во Македонија“. Нова Македонија. Посетено на 2024-07-05.
  4. НМ (2021-08-10). „Габер, сине мој, расти и не срами се од татко ти!“. Нова Македонија. Посетено на 2024-07-05.
  5. „Ангелов,Пењушков и Ангелков добитници на седмо септемвриските награди и признанија на Општина Кавадарци - ДУМА.мк“. 2023-09-08. Посетено на 2024-07-05.

Надворешни врски

уреди