Ултразвук
Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. |
Ултразвукот е звук чија честота е над горната граница за слушање на човечкото уво, која изнесува над 20 kHz. Некои животни како на пр кучињата, глувците и други имаат способност да го слушнат ултразвукот. Помладите особи, особено децата имаат способнот да слушнат звуци коа се наоѓаат на повисоката граница. Како човек старее така и границата за слушање му опаѓа. Високите звучни честоти се составен дел од спекарот на честоти кој го произведува некој извор на звук, а спектарот на звучни честоти ја сочинува бојата на звукот. Опаѓањето на чујноста на високите честоти како и бојата на звукот се менува со стареење на човекот, што значи дека симфониски оркестар или звук од виолина различно ко слуша дете од 6, возрасен човек од 40 год и старец од 70 години. Најголема примена на ултразвукот има во медицината – ултразвучна дијагностика но се користи и за многу други цели ( за откривање на јато риби и подморници таканаречен сонар). Принципот на кој се користи ултразвукот е многу едноставен.
Електрострикција
уредиНајраспространетиот генератор на ултразвук е кварцниот генератор, чија работа е заснована на таканаречен пиезоелектричен ефект. Тоа е појава кога на некои кристали се јавува електрична поларизација кога присилно се врши еластична деформација. Наместо да се делува со сила, може да се користи и обратен ефект – електрострикција- со ставање на плочи и наизменично електрично поле на многу висока честота. Кога честотата со наизменичниот напон ќе се поклопи со сопствената честота на плочите, настапува резонанција. По резонанцијата, плочата јако удира ипроизведува ултразвучни влдабнатини наречени амплитуди.
Магнетострикција
уредиОваа метода за добивање на ултразвук е заснована на својство на некои материјали да делуваат на магнетниот пол и да менуваат димензии. Овие материјали се во појако магнетно поле и оваа појава се нарекува магнетострикција. Ако краток дел од овие материјали се наоѓа во променливо магнетно поле, тогаш се доведува во резонантно надолжно поле каде електромагнетот пропушта изменична стуја која одговара на честотата.