Пендатур — поранешно село во Костурско, Егејска Македонија, на територијата на денешната општина Костур во областа Западна Македонија, Грција.

Пендатур
Пендатур is located in Грција
Пендатур
Пендатур
Местоположба во областа
Пендатур во рамките на Костур (општина)
Пендатур
Местоположба на Пендатур во Костурскиот округ и областа Западна Македонија
Координати: 40°32′N 21°10′E / 40.533° СГШ; 21.167° ИГД / 40.533; 21.167
ЗемјаГрција
ОбластЗападна Македонија
ОкругКостурски
ОпштинаКостур
Општ. единицаСвета Троица
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Географија

уреди

Селото се наоѓало меѓу селата Четирок и Сливени.[1]

Историја

уреди

Селото се споменува во османлиски дефтер од 1530 г. под името Пендатрол како место со 34 христијански семејства, 2 неженети и 3 вдовици.[2]

Пендатур било мало македонско село кое се распаднало во конфликтните години по времето на управувањето на Али-паша Јанински во XVIII век. Неговите жители се преселиле во Четирок, Косинец и други околни села.[1]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. II дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 36.
  2. „Demography and settlement in Paşa Sancağı Sol-Kol Region according to Muhasebe-i Vilayet-i Rumeli Defteri dated 1530 : A Master's Thesis“ (PDF).