Пегау
Пегау (германски: Pegau) — град во округот Лајпциг, во сојузната покраина Саксонија, Германија. Се наоѓа на плодна почва, близу реката Вајсе Елстер, 18 километри северозападно од Лајпциг.
Пегау | |
Градското собрание на Пегау | |
Управа | |
Земја | Германија |
---|---|
Покраина | Саксонија |
Округ | Лајпциг |
Општ. заед. | Пегау |
Градски единици | 3 |
Градоначалник | Петер Брингер |
Основни податоци | |
Површина | 48,61 км2 |
Надм. височина | 127 м |
Население | 6.561 (31 декември 2022)[1] |
- Густина | 135 жит/км2 |
Други информации | |
Часовен појас | CET/CEST (UTC+1/+2) |
Рег. табл. | L |
Пошт. бр. | 04523 |
Повик. бр. | 03 42 96 |
Портал | www.pegau.de |
Местоположба на градот Пегау во рамките на округот Лајпциг | |
Координати | 51°10′0″N 12°15′0″E / 51.16667° СГШ; 12.25000° ИГД |
Има две евангелистички цркви, таа на Свети Лоренс е со готска архитектура, градско собрание од XVI век, многу стара болница и земјоделско училиште. Во XIX век, нејзината индустрија се состоела од производство на железо, чизми и легури.
Пегау пораснал околу манастирот, основан во 1096 година, но не се појавил како град пред XII век. Овде биле одржувани пазари и неговиот развој бил поттикнат од неговата положба на главниот пат, кој водел од запад кон исток. Во манастирот, кој бил распуштен во 1539, биле создадени вредни хроники, Annales pegavienses, покривајќи го периодот од 1039 до 1227.
Наводи
уреди- ↑ „Тековно население по општини во 2022 г.“. Статистичка служба на Саксонија. 2024. (германски)
- Оваа статија вклучуват текст од дело кое сега е во јавна сопственост: Chisholm, Hugh, уред. (1911). Encyclopædia Britannica (11. изд.). Cambridge University Press. Отсутно или празно
|title=
(help)CS1-одржување: ref=harv (link)
Надворешни врски
уреди- Пегау на Ризницата ?
- Официјална страница (германски)
Оваа место во Лајпциг статија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |