Патрик Зискинд (германски: Patrick Süskind; 26 март 1949, Амбах, Германија) — познат современ германски писател и сценарист.

Животопис

уреди

Патрик Зискинд е роден на 26 март 1949 во Амбах, во близина на Минхен, Германија. Студирал средновековна и модерна историја на Универзитетот во Минхен. Зискинд живее и работи во Минхен.[1]

Творештво

уреди

Зискинд се појавил на книжевната сцена во 1980 година, со својата прва пиеса „Контрабас“, со која се здобил со меѓународна слава. Во 1985 година го објавил својот прв роман „Парфем“, кој е воедно и негово најпознато дело и светски бестселер. „Парфем“ е преведен на четириесетина јазици и е продаден во повеќе од 12 милиони примероци. Романот е преведен на околу 40 јазици, а македонското издание (во превод на Слободанка Поповска) — објавено во 2005 година, од издавачката куќа “Темплум”. Во 1996 година, „Парфем“ бил прогласен за роман на годината од страна на Њујорк Тајмс. Оваа награда, по Втората светска војна ја имаат добиено само уште два германски автори: Бернхард Шлинк за романот "Читачот" и Лотар-Гинтер Бухајм за романот "Чамецот".[2] Зискинд е автор и на книгите „Гулабот“, „Приказна за господинот Зомер“ и „Три приказни и рефлекција“. Зискинд работел и како сценарист, при што, најпознато е неговото соавторство за познатата германска серија „Кир Ројал“.[1]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 ”Белешка за авторот и делото”, во: Патрик Зискинд, Парфем, Темплум, Скопје, 2005, стр. 300.
  2. "Белешка за авторот и делото", во: Патрик Зискинд, Парфем. Скопје: Темплум, 2005, стр. 300.