Парк Младен Стојановиќ

Парк Младен Стојановиќ е најголем градски парк во Бања Лука, Република Српска, Босна и Херцеговина. Сместен е во месната заедница Росуље, помеѓу улиците Др Младен Стојановиќ и Булевар српске војске, а зазема површина од 10 ха со прекрасна вегетација. Во текот на целата година паркот живее со „полн здив“. Се одржуваат концерти, место е за собирања како на професионални така и на спортисти рекреативци, детските содржини привлекуваат многу дечиња и нивни придружници, а познат је секако и по тениските терени ТК „Младост“ на кои се одржува и меѓународниот АТП челенџер турнир „Бањалука опен“.[1]

Парк Младен Стојановиќ
Податотека:Park M.S..jpg
Карта
ВидГрадски парк
МестоБања Лука,  Република Српска
 Босна и Херцеговина

Име на паркот

уреди

Паркот го добил името по познатиот лекар и народниот херој од Втората светска војна др Младен Стојановиќ. Родителите му биле од православни свештенички семејства и имале осум деца. Младен студиите по медицина ги завршил во Виена а по враќањето во Приједор во 1930 година сиромашните бесплатно ги лекувал не ретко им давал и пари за пат до дома. Убиен е на 2 април 1942година, но останал во народот како симбол на љубов и грижа за човекот.

Симбол на младите, спортот и рекреацијата

уреди
Податотека:Park Banja Luka.jpg
Градски парк
 
Тениски терен

Во паркот се наоѓаат тениски терени ТК „Младост“, велосипедскака односно патека за трчање, терен за боќање, столови за стони тенис, игралиште за кошарка и мал фудбал, ѕид за Тенис, справи за вежбање во природа, игралишта за деца, шаховска табла, фонтана, а исто така и угостителски објект во склоп на централниот тенискитерен и управни простории на ТК „Младост“. Еден од симболите на паркот е и атомска скривница изградена во самото „срце“ на паркот. Промоцијата на рекреативниот спорт ја потпомага и традиционалната годишна манифестација „Со фитнес до здравје“ („Фитнесом до здравља“) во рамки на која граѓаните можат бесплатно да вежбаат фитнес со професионални тренери во термин од месец и пол дена.[2] Во текот на годината овде се одржуваат и концерти, школи на трчање и низа други забавно — рекреативни содржини.

ТК Младост

уреди

Овој тениски клуб со седиште во Паркот „Младен Стојановиќ“ основан е во 1984година, а под денешњо име датира од 1986 година. Поседува 13 тениски терени (10 згура и 3 тврда подлога). Сите се сместени во паркот. Први во БиХ почнале со организација на професионален тениски турнир, а биле домаќини и на Дејвис куп меч (англиски јазик|Davis Cup) 2006..[3]

Податотека:TC Mladost Banja Luka.jpg
2014 година.
  • АТП челенџер е тениски турнир кој од 2002 година се одржува во Бања Лука на терените на ТК „Младост“ на земјена подлога. Се игра за награден фонд од 75.000 долари и 100 бода на АТП листата. Некои од победниците на турнирот биле: Виктор Хансеку 2012 година., Аљас Беден 2013 гоина и Виктор Троицки 2014 година.

Идеен проект

уреди

Архитектонско-градежен факултет при Универзитетот во Бања Лука во 2008 година го направил идејниот проект според кој паркот останува и понатаму оаза на зеленило, со замена на дотраените стебала и со нови велосипедски патеки. Во средина на паркот предвидена е голема водена површина (комбинација на базен и фонтана). Предвидена е и алеја долга 320 м па кула „видиковац“ како и поставување на камена плоча со основни податоци за паркот и уште многу современи и функционални содржини.[4]

Галерија

уреди

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Туризам Архивирано на 23 септември 2015 г., Туристичка организација Бања Лука.
  2. Фитнесом до здравља Архивирано на 22 мај 2015 г..
  3. тенис Архивирано на 3 јули 2015 г., ТК Младост.
  4. [1] Архивирано на 23 септември 2015 г., Идејни пројекат.

Надворешни врски

уреди