Парана
Парана (португалски: Paraná) — држава во Бразил, се наоѓа во Јужениот регион од земјата, се граничи со Парагвај и Аргентина. Наречена е по големата река Парана која тече низ беа.
Главен град | Куритуба |
Најголем град | Куритуба |
Службен јазик | Португалски |
- Управник | Роберто Реквајо |
- Подуправник | Орландо Песути |
Површина | |
- Вкупно | 199,314.9 км² ({{{површина поредок}}}.) |
- Вода (%) | {{{вода}}}% |
Население | |
- 2006 | 10,387,378 ({{{население поредок}}}.) |
- Густина | 52.1/km² ({{{густина поредок}}}.) |
БДП (ПКС) | 2005 приб. |
- Вкупно | 126,622,000,000 ({{{БДП поредок}}}.) |
- По глава на жител | 12,339 ({{{БДП поредок по глава на жител}}}.) |
ИЧР (2005) | 0.820 ({{{ИЧР поредок}}}.) – висок |
Валута | |
Часовен појас | UTC {{{часовен појас}}} |
НДД | [[]] |
Повикувачки број | +
|
- Други значења: Парана (фрека)
Историја
уредиПарана била прво заселена од трагачи на злато од Саун Пауло и била дел од капетанијата и провинцијата Саун Пауло.
Првите Језуитски мисии во Парана биле над Водопадите Гуара, Нината принципална мисија е позната под името (град) Сиудад Реал.
Територијата е отделена од Саун Пауло во 1853-та. Педро II од Бразил така го казнил Саун Пауло заради обидот за одделување од централната власт во 1842-ра.
Европски емигранти почнале да доаѓаат после 1850-тите, главно Германци, Италијанци, Пољаци и Украинци.
Демографија
уредиСпоред БИГС од 2007-ма, државата има 10,410,000 жители. Густината на населеност е 52.1 ж./км2.
Урбанизација: 84.5% (2006); Прираст: 1.4% (1991-2000); Домаќинства: 3,177,000 (2006).[1]
национална структура: 7,620,000 Белци (73.1%), 2,394,000 Пардо (23.0%), 270,000 Црнци (2.6%), 124,000 Азијати или Домородци (1.2%).[2]
Луѓе со Полско потекло доминираат во централните и јужните региони, во главно околу Куритуба. Италијанците доминираат во престолнината, и покрај брегот. Луѓе со Украинско доминираат во неколку градови, како Прудентополис; Бразилски Германци доминираат во неколку градовиs, како Рондонија. Португалци и нивни потомци има во сите градови.[3]
Поголеми градови:
Стопанство
уредиСекторот за услуги зазема најголем дел од БДП со 41.6%, следен од индустрискиот сектор со 40%. Земјоделито зазема 18.4% од БДП (2004). Парана извезува: соја 34.2%, возила 21.4%, дрва 10%, замрзнато месо 8.2%, други земјоделски производи 8.8% (2002).
Удел во Бразилската економија: 5.9% (2005).
БДП по глава на жител во 2005 изнесувал R$12,339, или US$5,400, 8-ма во Бразил и компарабилна со Турција.[4].
Тривијалност
уредиВозила: 3,808,298 (март/2007); Мобилни: 5,9 милиони (април/2007); Телефони: 2,7 милиони (април/2007); Градови: 399 (2007).[5]
Образование
уредиПортугалскиот е службен. Но Англиски и Шпански се дел од официјалниот образовен систем.
Образовни институции
уреди- Универзитетски центар во Куритуба (UNICURITIBA);
- Универзитетски центар „Франциско до Парана“ (UNIFAE);
- Технички универзитет (FATEC);
- Државен универзитет Лондрина (UEL);
- Државен универзитет Маринга (UEM);
- Државен универзитет Центар-Запад (UNICENTRO);
- Државен универзитет Северна Парана (UENP));
- Државен универзитет Западна Парана (Unioeste)
- Државен Универзитет Понта Гроса (UEPG);
- Слјузен универзитет на Парана (UFPR);
- Сојузен технички универзитет на Парана (UTFPR);
- и други.
IИнфраструктура
уредиИнтернационални Аеродроми
уредиМеѓународниот аеродром Алфонсо Пена е главен аеродром во Куритуба. Сместен е близу до Сао Жозе дос Пињаис и сите комерцијални летови се оперираат од овој аеродром. Интегриран е во транспортниот систем на Куритуба, со градски автобуси сврзувајки го аеродромот со градот.
Автопати
уредиBR-116, BR-153, BR-158, BR-163, BR-272, BR-277, BR-280, BR-369, BR-373, BR-376, BR-467, BR-469, BR-476, BR-487.
Социјала
уредиПарана има еден од највисоките стандарди во Бразил, со релативно мал криминал, доста внимание е обратено на образованието и здравјето и на Индексот на Човековиот Развој ~0.820, 5-ти во Бразил.
Спорт
уредиКуритуба овозможува на посетителите и жителите разновидни спортски активности. Во куритуба има доста фудбалски клубови, како:
- Coritiba Foot Ball Club (Фудбалски клуб Куритуба);
- Clube Atlético Paranaense (Парањски атлетски клуб)
- Paraná Clube
Стадиони
- Clube Atlético Paranaense: Куосера Арена
- Coritiba Foot Ball Club: Стадион Куто Пареира
- Paraná Clube: Стадион Вила КАпанема
Албум
уреди-
Врвпт Парана
-
Музеj на Уметсноста
-
Браната Итаипи
-
Вила Вела
-
Плажа Беражтуба
Наводи
уреди- ↑ Извор: БИГС.
- ↑ Síntese de Indicadores Sociais 2007 (PDF) (португалски). Peraná, Brazil: IBGE. 2007. ISBN 85-240-3919-1. Посетено на 2007-07-18.
- ↑ Imigrantes: Outras Etnias
- ↑ * IBGE (2007). „Regional Accounts 2005“ (португалски). Посетено на 2007-11-26.
- ↑ Source: БИГС.
јавна сопственост: Chisholm, Hugh, уред. (1911). Encyclopædia Britannica (11. изд.). Cambridge University Press. Отсутно или празно |title=
(help)
Поврзано
уреди„Парана“ на Ризницата ? |
- (англиски) Знаме на Парана
- (англиски) Бразил
- (португалски) Официјална страница
- (англиски) Бразилски туристички портал Архивирано на 12 декември 2007 г.
- (португалски) Хотелски водич