Морски плодови — назив за јадливи морски безрбетници. Морските плодови опфаќаат широк спектар на морски организми, но ги исклучува рибите и цицачите.

Консумација на морски плодови

уреди

Историја на консумацијата на морски плодови

уреди
 
Ручек со остригишампањ ) од Жан-Франсоа де Троа (1679–1752), на кралот Луј XV во дворецот Версај.
 
Пица со морски плодови.

Консумацијата на морски плодови датира барем од раздобјето на ловци-собирачи од праисторијата, од почетоците на историјата на кулинарската уметност. Најстарата позната консумација на морски плодови од страна на Homo sapiens се школки што ги јаделе пред 164 000 години и кои се пронајдени во Јужна Африка. Во 2011 година, биле пронајдени и остатоци од школки, што покажува дека и неандерталецот јадел морски плодови пред 150 000 години[1][2].

Здравствени аспекти

уреди

Се смета дека морските плодови се добра храна за човековото здравје затоа што содржат различни олиго-елементи, како јод, магнезиум, витамин Б12, итн. Сепак, исто како и месото, треба да се консумираат свежи и здрави (не расипани), во спротивно може да предизвикаат тешки труења. Неколку вообичаени алергии се однесуваат на одредени морски плодови, особено оние кои претставуваат филтри (и биоинтегратори, особено школките) и може да имаат акумулирано, покрај микроби и паразити, тешки метали или други токсини невидливи со голо око (биоконцентрација).

Месеци на „ Р “

уреди

Во Франција, консумацијата на школки воопшто, а особено на остриги, е резервирана само во месеците кои ја содржат буквата „ Р “, односно од септември до април.

Овој обичај потекнува од кралскиот указ од 1759 година, објавен по бројните смртоносни труења на дворот, со кој се забранува риболов и продажба на остриги од 1 април до 31 октомври, во време кога не постоело чување на храната на ладно и кога превозот бил бавен. Со овој указ, исто така, се избегнувало земање остриги од нивните легла за време на периодот на репродукција и со тоа се чувале ресурсите[3]. Денес остригите се јадат во текот на целата година, но во потоплите месеци тие се мрсни или „млечни“ поради присуството на гамети [4][5].

Сепак, овој израз останува релевантен за одредени видови како што е виолетовиот морски еж, поддржан од регулативите, со цел да се зачуваат ресурсите во времето на репродукција. Поради тоа, собирањето на морски ежови за консумирање е строго забранета од 1 мај до 31 август во Франција [6] .

Список на морски плодови

уреди
 
Штанд со морски плодови

Главните групи на безрбетници кои се јадат како морски плодови се:

Наводи

уреди
  1. „Les néandertaliens mangeaient des fruits de mer en Andalousie il y a [[:Предлошка:Unité]]“. Посетено на 16 septembre 2011. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help); URL–wikilink conflict (help)
  2. Cortés-Sánchez, Miguel (2011). „Earliest Known Use of Marine Resources by Neanderthals“. PLoS ONE (англиски).
  3. „Histoire de fruits de mer et de mois en « R »“. 26-11-2013. Архивирано од изворникот на 2014-12-26. Посетено на 6-06-2020. no-break space character во |title= во положба 42 (help); Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |date= (help).
  4. „архивски примерок“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2015-01-11. Посетено на 2023-03-22.
  5. http://www.foodplanet.fr/app/download/5790128803/Levasseur_produits_mer.pdf
  6. Voir la fiche de l'oursin violet sur le site DORIS.

Надворешни врски

уреди