Инч
Инч, палец или цол, (знак in или ″ - двоен прим) — единица мерка за должина во разни системи, како англискиот, британскиот и американскиот. Големината му варира од систем до систем. Еден јард има 36 инчи, а една стапка има 12. Соодветната единица мерка за плоштина е квадратен инч, а за волумен е кубен инч.
SI-единици | |
0,0254 м | 25,4 мм |
американски/империјални | |
136 јарди (yd) | 112 стапки (ft) |
Инчот е честа единица мерка во САД, Обединетото Кралство и Канада. Во САД и ОК, лични висини се изразуваат во стапки и инчи. Во Канада ова станува сè поретко.
Традиционалниот македонски палец се разликува од современиот стандардизиран инч, во тоа што 1 палец = 27 мм (2,7 см).[1]
Меѓународен инч
уредиВо 1958 г. САД и земјите од Комонвелтот ја дефинирале должината на меѓународниот јард на 0,9144 метри. Така, меѓународниот инч е еднаков на 25.4 милиметри.
Стандардниот меѓународен симбол за инч е in (видете ISO 31-1, Анекс A). Во некои случаи инчот се пишува со двоен прим, кој изгледа како наводник, а стапката со прим, која изгледа како апостроф. На пример, 6 стапки 2 инча се обележува со 6′2″. Ова може да предизвика забува, бидејќи единечниот и двојниот прим се меѓународни симболи за аголна минута и аголна секунда.
Еквиваленција на други мерни единици
уреди1 меѓународен инч е еднаков на:
- 1,000 тоу (1 тоу = 0,001 инч)
- околу 0,08333 стапки (1 стапка = 12 инча)
- околу 0,02778 јарди (1 јард = 36 инча)
- 2,54 сантиметри (1 сантиметар = ~0,3937 меѓун. инчи)
Примена на инчот
уредиДури и во земјите каде се користи метрички систем, инчот може да важи за:
- големини на компјутерски монитори, сензори за слики и (поретко) телевизорски екрани,
- внатрешен пречник на цевки (видете ISO 228),
- велосипедски гуми и бандажи (погл. ISO 5775),
- грамофонски плочи,
- пречник на пури,
иако фактичката димензија на највеќето од овие производи се искажува во милиметри.