ПУ „Шемшево“ - Прељубиште

основно училиште во Македонија


Основно училиште „Шемшево“ (официјално: Подрачно основно општинско училиште „Шемшево“ - Прељубиште“; скратено: ПООУ „Шемшево“) — подрачно основно училиште во селото Прељубиште, составен дел на истоименото училиште од селото Шемшево, Општина Јегуновце.[1][2]

Шемшево
во состав на ОУ „Шемшево“
Поглед на училиштето
Поглед на училиштето
Поглед на училиштето
Место
Општина: Општина Јегуновце
Наречено по: Шемшево
Нас. место: Прељубиште
Адреса: с. Прељубиште
Местоположба

Карта

Основни информации
Настава на: македонски и албански
Контактни информации

Името на училиштето е според името на селото Шемшево.

Неколку години по 2008 година, училиштето работело под називот Интегрирано двојазично основно училиште „Фритјоф Нансен“, кога во него се изведувала настава наизменично на два јазика, македонски и албански.

Местоположба

уреди

Селото се наоѓа на излезот од селото Прељубиште.

Настава

уреди

Во училиштето наставата се изведува на албански и македонски наставен јазик.

Историја

уреди

Нансен

уреди

Училиштето било отворена по моделот на основното училиште „Нансен“ од Лилехамер, Норвешка со помош на дијалог-центарот „Нансен“ од Скопје, сите наречени по норвешкиот истражувач, дипломат и нобеловец Фритјоф Нансен (1861-1930). Било отворено во 2008 година.[3] Карактеристично за овој модел на училиште е тоа што учениците Македонци и Албанци учат заедно во исти простории и слушаат настава наизменично на два јазика, македонски и албански.

Проектот бил дел и резултат од програмата „Дијалог и реконсилијација“ што невладината организација „Нансен Дијалог Центар“ од Скопје започнала да ја спроведува во Општина Јегуновце во 2005 година. Општина Јегуновце како таргет општина била избрана бидејќи била зафатена со вооружениот конфликт во 2001 година и поради етничката поделба во 2002 на учениците Македонци и Албанци од централното основно училиште во селото Шемшево и околните училишта. Со активностите од програмата биле опфатени учениците од 5-8 одделение, нивните родители, наставниците, градоначалникот и членовите на Советот на општина Јегуновце како и претседателите на месните заедници.

Галерија

уреди

Наводи

уреди
  1. „Листа на активни регистри“. Министерство за образование и наука. Посетено на 2024-12-07.
  2. „Основни училишта“. Општина Јегуновце. Архивирано од изворникот на 2022-02-09. Посетено на 2022-02-15.
  3. „Двојазично училиште во Тетово - проект за доверба и интеграција“. Deutsche Welle. 22 октомври 2008. Посетено на 2010-09-12.