ПУ „Гоце Делчев“ - Робово

основно училиште во Македонија

Основно училиште „Гоце Делчев“ (официјално: Подрачно основно училиште „Гоце Делчев“ - Робово; скратено: ПОУ „Гоце Делчев“) — подрачно основно училиште во селото Робово, составен дел на истоименото училиште од селото Босилово.[1]

Гоце Делчев
Поглед на училиштето
Поглед на училиштето
Поглед на училиштето
Место
Општина: Општина Босилово
Наречено по: Гоце Делчев
Нас. место: Робово
Адреса: с. Робово
Местоположба

Карта

Основни информации
Настава на: македонски
Контактни информации

Училиштето е именувано по македонскиот национален херој Гоце Делчев.

Историја

уреди

Училиштето во Робово е едно од најстарите во регионот. Во 1860 година Арсениј Костенцев го открил во домот на месниот жител Мицо Караџа првото училиште во Струмичката Каза. Во училиштето Костенцев бил четири години учител во самото училиште доаѓале деца на чорбаџии и од соседните села Сачево, Муртино и Моноспитово, со вкупно 45 деца. Училиштето работело по буквари и други учебници, набавени од печатницата на Константин Држилович, и донесени од Солун[2].

Галерија

уреди

Наводи

уреди
  1. „Листа на активни регистри“. Министерство за образование и наука. Посетено на 2024-12-01.
  2. Манол Пандевски - Ѓорѓи Стоев - Трнката, Струмица и Струмичко низ историјата, Струмица, 1969.

Надворешни врски

уреди