Струмичка Каза
Струмичка Каза — поранешна административна единица во Отоманското Царство која била дел од Солунскиот Санџак. Центар на казата бил градот Струмица. Во неа биле сместени вкупно 67 населени места.[1] Првично, таа била дел од Румелискиот ејалет, кој потоа станува Солунски Вилает. Управителот на Струмичката каза се нарекувал кајмакам. Првиот кајмакам на казата бил извесен Ибрахим Кади, кој доаѓа на власт во 1675 година.[се бара извор] Во 1900 година казата била населена од вкупно 40 882 жители.[2]
Население
уредиСпоред податоците на Васил К’нчов од 1900 година, во Струмичката Каза живееле 40 882 жители, од кои:
народ | вкупен број | % од вкупното население |
---|---|---|
Македонци | 23.602 | 57,73 |
Турци | 14.930 | 36,51 |
Роми | 1.650 | 4,03 |
Евреи | 700 | 1,71 |