Орхидеи

семејство растенија
(Пренасочено од Орхидеја)
Орхидеи

Орхидеи (науч. Orchidaceae) — најголемата семејство на цветни растенија.[2][3] Нејзиното име е изведено од родот Orchis.

Орхидеи
Период: доцна креда – денес
Научна класификација [ у ]
Царство: Растенија
клад: Скриеносеменици
клад: Монокотиледони
Ред: Шпаргловидни
Семејство: Орхидеи
Juss.[1]
Типски род
Салеп (Orchis)
Tourn. ex L.
Потсемејства
Распространетост на семејството

Кралските ботанички градини од Кју наведуваат 880 родови и близу 22.000 опишани видови, но точната бројка не е позната (можеби таа изнесува и до 25.000)[4] како резултат на големи таксономски несогласувања. Бројот на орхидејни видови го надминува за четири пати бројот на видови на цицачи, или за двапати бројот на птици. Исто така, оваа фамилија сочинува околу 6-11% од сите семени растенија.[5] Околу 800 нови видови на орхидеи се опишуваат секоја година. Најголеми родови од фамилијата на орхидеите се Bulbophyllum (2,000 вида), Epidendrum (1,500 вида), Dendrobium (1,400 вида) и Pleurothallis (1,000 вида). Оваа фамилија исто така го вклучува и родот Vanilla (родот на растението Vanilla planifolia од кое се добива ванила), Orchis и многу други култивирани растенија, како што се Phalaenopsis или Cattleya.

Дополнително, со вметнувањето (интродукцијата) на тропските видови во 19 век, хортикултуристите произведоа повеќе од 100.000 хибридни видови и култивари.

Распространување

уреди

Орхидеите имаат космополитско распространување, се среќаваат во речиси секое станиште, освен пустините и ледниците. Најголем дел се наоѓаат во тропските предели, најмногу Азија, Јужна Америка и Средна Америка. Тие се распространети и над Северниот Поларник, во јужна Патагонија и дури и на островот МекКварки, кој е расположем близу до Антарктикот.

Следната листа дава груб преглед на нивното распространување:

  • тропска Америка: 250 до 270 родови
  • тропска Азија: 260 до 300 родови
  • тропска Африка: 230 до 270 родови
  • Океанија: 50 до 70 родови
  • Европа и умерена Азија: 40 до 60 родови
  • Северна Америка: 20 до 25 родови.

Систематика

уреди

Фамилијата е целосно призната, и APG II системот од 2003 година ја сместува во редот Asparagales.

Систематиката на оваа фамилија е во постојан флукс, бидејќи многубројните истражувања откриваат сѐ повеќе класификациски елементи.

Денес се признати пет потсемејства. Кладограмот за оваа фамилија е направен според APG системот:



Apostasioideae: 2 рода и 16 вида, југозападна Азија.




Cypripedioideae: 5 рода и 130 вида, од умерените региони на светот, како и во тропска Америка и тропска Азија.


 Monandrae 

Vanilloideae: 15 рода и 180 вида, во влажни тропски и суптропски региони и источна Северна Америка.




Epidendroideae: повеќе од 500 рода и повеќе или помалку од 20.000 вида, космополити.



Orchidoideae: 208 рода и 3.630 вида, космополити.






Екологија

уреди
 
Neottia nidus-avis, мико-хетеротрофно растение.

Поголем дел од орхидеите се повеќегодишни епифити кои растат прикачени за дрвја или грмушки во тропските и суптропските региони. Други видови се литофити, односно тие растат на карпи или карпеста почва, или, пак, се терестрични растенија. Речиси сите орхидеи од умерените подрачја се терестрични.

Некои орхидеи, како Neottia и Corallorhiza, немаат хлорофил и не се способни да вршат фотосинтеза. Наместо автотрофност, овие видови се исхрануваат со помош на паразитски почвени габи преку образувањето на орхидејни микоризи. Габите вклучени во ваквите симбиози се истите оние кои се дел од ектомикоризите со дрвјата и другите дрвенести растенија, односно тоа се паразити како Armillaria и сапротрофи.[6] Овие орхидеи се познати како мико-хетеротрофи, а порано беа неточно опишувани како сапрофити, како резултат на верувањето дека тие се исхранувале со разложување на органска материја. Додека само неколку видови се бесхлорофилни холопаразити, сите останати орхидеи се мико-хетеротрофи за време на ‘ртењето и развитокот на семето. Дури и фотосинтетските возрасни растенија можат да продолжат да добиваат храна (со тоа и јаглерод) од нивните микоризни габи.

Морфологија и анатомија

уреди
 
Цвет на Orchis sambicina: 1 — чашкини ливчиња, 2 — гиностемиум (сраснат андрецеум и гинецеум), 3 — прашник, при што секоја негова половина содржи полиниуми, каудикула и висцидиум (ретинакулум), 4 — стаминодии (стерилни прашници), 5 — ростелум (една од неговите функции - спречување на самоопрашувањето), 6 — лабелум, 7, 8 — делови од друг цвет, 9 — столпче.
 
Плодови од Dactylorhiza fuchsii.

Орхидеите се лесно препознатливи, бидејќи делат некои очигледни апоморфии. Меѓу нив се: билатерално симетрични цветови, од кои повеќето се ресупинатни, со едно чашкино ливче (labellum) кое е секогаш многу изменето, прашниците и плодникот се споени во гиностемиум, а семињата се екстремно мали.

Листови

уреди

Како и повеќето монокотиледони, орхидеите генерално имаат прости листови со паралелна нерватура, иако некои видови од Vanilloideae имаат мрежеста нерватура. По форма може да се јајцевидни, ланцетни или орбикулатни и многу варијабилни по големина. Нивните одлики често имаат дијагностички карактер. Тие се последователно наредени на стеблото, обично пликатни, и немаат прилисници. Листовите на орхидеите често поседуваат силикатни телца наречени stegmata во васкуларните ткива (меѓутоа ги нема во Orchidoideae) и се фиброзни.

Градбата на листот зависи од специфичното станиште на растението. Видовите кои растат на места кои се привремено многу сушни, имаат густи, кожести листови и нивните лиски се покриени со восочна кутикула, за превенција на загуба на вода. Видовите кои живеат во засенчени станишта имаат долги и тенки листови.

Листовите на повеќето орхидеи се многугодишни, додека други, особено на оние видови со пликатни листови, се менуваат годишно. Новите листови се развиваат од лажни луковици (булбуси), како кај Catasetum.

Некои орхидеи, како Polyrrhiza lindenii (орхидејата-дух), Aphyllorchis и Taeniophyllum зависат од нивните зелени корења за фотосинмтеза и немаат нормално развиени листови, како кај сите хетеротрофни видови.

Стебло и корења

уреди

Орхидеите се многугодишни тревести растенија и немаат трајни дрвенести структури. Тие можат да растат на два начина:

  • Моноподијално: Стеблото израснува од една пупка, а листовите се додаваат од врвот (апексот) секоја година, со што стеблото расте во должина. Стеблото на орхидеите со вакво моноподијално растење може да достигне височина од неколку метри, како кај родовите Vanda и Vanilla.
  • Симподијално: Растението произведува серии од стебла кои растат до одредена височина, цветаат и тогаш престануваат да растат, по што се заменуваат со нови стебла. Симподијалните орхидеи растат странично (латерално) отколку вертикално, следејќи ја точката на потпора на стеблото. Растот продолжува со развивање на нови стебла, со свои сопствени листови и корења, издигнувајќи се од соседните или оние стебла од минатата година, како кај Cattleya. Додека се развива ново стебло, ризомот може да започне да расте од т.н. кореново окце, кое е недоразвиена пупка, а со тоа да започне и разгранувањето на растението.
 
Orchis lactea на која се гледаат двете коренови грутки.

Копнените орхидеи може да имаат ризоми или да формираат грутки или лукоциви. Кореновите капи (калиптри) на копнените форми се мазни и бели.

Некои симподијални копнени орхидеи, како Orchis и Ophrys, имаат два подземни грутчести корења. Еден се користи како магацин за храна во тек на зимата, а со тоа станува снабдувач за другиот грутчест корен, од кој ќе се развие стебло напролет.

Во топлите и влажни климатски подрачја, многу копнени орхидеи немаат потреба од лажни луковици (псевдобулбуси).

Епифитските орхидеи имаат изменети воздушни корења кои може да се долги и до неколку метри. Во постариот дел на корењата, функцијата на апсорпција на влажност од воздухот (а со тоа и потребната вода за организмот) ја има изменетото епидермно ткиво наречено веламен. Тоа се состои од мртви клетки и може да има сребрено-сива, бела или кафеава боја.

 
Лажна луковица на Prosthechea fragrans.

Лажната луковица (псевдобулбус) има мазна површина со надолжни бразди и може да има различни форми, често конични или издолжени. Нејзината големина е варијабилна.

Родови

уреди

Најпознатите орхидејни родови се следните:

Aa; Abdominea; Acampe; Acanthephippium; Aceratorchis; Acianthus; Acineta; Acrorchis; Ada; Aerangis; Aeranthes; Aerides; Aganisia; Agrostophyllum; Amitostigma; Anacamptis; Ancistrochilus; Angraecum; Anguloa; Ansellia; Aorchis; Aplectrum; Arethusa; Armodorum; Ascocenda; Ascocentrum; Ascoglossum; Australorchis; Auxopus; Baptistonia; Barbrodia; Barkeria; Barlia; Bartholina; Beloglottis; Biermannia; Bletilla; Brassavola; Brassia; Bulbophyllum; Calypso; Catasetum; Cattleya; Cirrhopetalum; Cleisostoma; Clowesia; Coelogyne; Coryanthes; Cymbidium; Cyrtopodium; Cypripedium; Dactylorhiza; Dendrobium; Disa; Dracula; Encyclia; Epidendrum; Epipactis; Eria; Eulophia; Gongora; Goodyera; Grammatophyllum; Gymnadenia; Habenaria; Herschelia; Laelia; Lepanthes; Liparis; Ludisia; Lycaste; Masdevallia; Maxillaria; Meliorchis, Mexipedium; Miltonia; Mormodes; Odontoglossum; Oncidium; Ophrys; Orchis; Paphiopedilum; Paraphalaenopsis; Peristeria; Phaius; Phalaenopsis; Pholidota; Phragmipedium; Platanthera; Pleione; Pleurothallis; Promenaea; Pterostylis; Renanthera; Renantherella; Restrepia; Restrepiella; Rhynchostylis; Roezliella; Saccolabium; Sarcochilus; Satyrium; Selenipedium; Serapias; Sophronitis; Spiranthes; Stanhopea; Stelis; Thrixspermum; Trias; Trichocentrum; Trichoglottis; Vanda; Vanilla; Zeuxine; Zygopetalum.

Орхидејата како тема во уметнста и во популарната култура

уреди

Галерија со слики

уреди

Белешки

уреди
  1. Angiosperm Phylogeny Group (2009). „An update of the Angiosperm Phylogeny Group classification for the orders and families of flowering plants: APG III“. Botanical Journal of the Linnean Society. 161 (2): 105–121. doi:10.1111/j.1095-8339.2009.00996.x.
  2. Number of orchids
  3. „Orchid Fact File, Royal Botanic gardens, Kew“. Архивирано од изворникот на 2008-12-25. Посетено на 2008-11-09.
  4. „CLASSIFICATION OF ORCHIDACEAE IN THE AGE OF DNA DATA“. Архивирано од изворникот на 2019-09-27. Посетено на 2008-11-09.
  5. Taxonomic exaggeration and its effects on orchid conservation[мртва врска]
  6. Leake JR. 2005. Plants parasitic on fungi: unearthing the fungi in myco-heterotrophs and debunking the ‘saprophytic’ plant myth. Mycologist 19: 113–122. (abstract Архивирано на 27 декември 2007 г.)).
  7. YouTube, Orchid Girl - Aztec Camera (пристапено на 21.12.2016)
  8. Discogs, Black Sabbath ‎– Master Of Reality (пристапено на 17.1.2021)

Литература

уреди
  • Arditti, J. 1992. Fundamentals of orchid biology. John Wiley and Sons, New York. ISBN 0-471-54906-1.
  • Batygina, T. B., Bragina, E. A., and Vasilyeva, E. 2003. The reproductive system and germination in orchids. Acta Biol. Cracov. ser. Bot. 45: 21–34.
  • Berg Pana, H. 2005. Handbuch der Orchideen-Namen. Dictionary of Orchid Names. Dizionario dei nomi delle orchidee. Ulmer, Stuttgart.
  • Judd, Walter S., Christopher S. Campbell, Elizabeth A. Kellogg, Peter F. Stevens, Michael J. Donoghue: Plant Systematics: A Phylogenetic Approach, Sinauer Associates Inc. 2007. ISBN 0-87893-407-3.
  • Kreutz, C. A. J. 2004. Kompendium der Europaischen Orchideen. Catalogue of European Orchids. Kreutz Publishers, Landgraaf, Netherlands
  • Ramírez, S., et al. Nature 448, 1042–1045 (2007).
  • D. Lee Taylor and Thomas D. Bruns: Ectomycorrhizal mutualism by two nonphotosynthetic orchids; Proc. Natl. Acad. Sci. USA; Vol. 94, pp. 4510–4515, April 1997 (on line Архивирано на 6 јануари 2010 г.).
  • Stevens, P. F. (2001 onwards). Angiosperm Phylogeny Website. Version 7, May 2006 [and more or less continuously updated since]. [1]
  • Strasburger, Noll, Schenck, Schimper: Lehrbuch der Botanik für Hochschulen. 4. Auflage, Gustav Fischer, Jena 1900, p. 459.

Надворешни врски

уреди