Опсада на Цариград (626)
- Видете Опсада на Цариград
Опсадата на Цариград во 626 година била од страна на Аварите, кои биле подпомогнати од голем број на Словени и Сасанидските Персијци. Војната завршила со победа на Византија, а успехот на империјата го спасил падот и колапсот на Ираклиј I.
Опсада на Цариград | |||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|
Дел од Римско-персиски војни | |||||||
Опис на опсадата од Летописот на Константин Манасиј |
|||||||
|
|||||||
Завојувани страни | |||||||
Византија | Авари | ||||||
Команданти и водачи | |||||||
непознато Шахрбараз |
|||||||
Сила | |||||||
12,000 | 80,000 Авари и Словени, Персијци |
Заднина
уредиВо 602 година, идниот цар Фока го поразил Маврикиј Тибериј, актуелниот византиски цар, и по ова се прогласил за нов цар во Цариград. Во ова време низ империјата а посебно го градот владеел потполен терор и анархија.[1] Новите реформи во законите ги осудиле еврејското население. Веднаш по ова, империјата била нападната од страна на Сасанидското Царство, каде во почетокот на војната забележале големи победи над империјата. Од источната страна, само уште Анадолија била во раце на империјата. Малку подоцна, од власт бил симнат Фока, а на негово место застанал Ираклиј I, кој веднаш започнал со големи реформи кој го засегале неговиот претходник.[1] Сепак, и покрај неговите големи офанзиво кон Месопотамија (денешен Ирак), тој не успеал да ги сопре персиските непријатели да дојдат до портите на неговата престолнина, а претходно заземајќи го Халкедон од каде Персијците биле во состојба директно да го нападнат градот.
Опсада
уредиДодека византиската армија била на подход кон Ерменија, Персијците пристигнале во Мала Азија, а од Тракија пак кон градот се упатиле аварите и мал број на Словени. Опсадата била подпомогнета од страна на 80.000 Авари[2]. Персијците биле пристигнати во Халкедон пред Фока да биде симнат од власт. Сепак, кога нивната линија на опдсадата се доближила кон Теодосиевите ѕидини на градот, многу бргу увиделе дека градот нема да биде многу лесно потчинет. За среќа за бранителите, војската на Византија била околу 12.000 и претежно се состоела од коњаница, а војската била претходно обучена и професионално спремена.[3]
Византија им нанела пораз на сојузниците по морски пат, и по само неколку часа опсадата завршила со победа на Византија.
Поврзано
уредиНаводи
уредиЛитература
уреди- Хауард-Џонстон, Џејмс, 'Опсадата на Цариград во 626', и неговата околина. Оксфорд, април 1993, ед. Кирил Манго и Гилберт Дагон, Издаваштво Ashgate (1995), стр. 131-42
- Харис, Џонатан, Цариград:Главен град на Византија. Hambledon / Continuum (2007). ISBN 978 1847251794
- Оксфордски прес за Византија, Oxford University Press (1991) ISBN 0195046528
- Ворен Тредголд,Историја на византиската држава и општество, Stanford University Press (1997) ISBN 08.047 26.302