Опел Комодоре
Опел Комодоре (германски: Opel Commodore) — автомобил дизајниран и произведен од германскиот производител на автомобили Опел, кој се произведувал во периодот од 1967 до 1982 година. Моделот претставува шестоцилиндрична варијанта на Рекорд со стилски разлики. Името Комодоре било користено од Опел од 1967 до 1982 година. Сепак, неговото име продолжило да се користи преку австралискиот Холден Комодоре. Последната генерација била продадена во Обединетото Кралство првенствено како Воксхал Вајсрој, иако моделите на Опел исто така биле продавани.
Произведувач | Опел (Џенерал Моторс) |
---|---|
Производство | 1967–1982 |
Наследник | Опел Омега |
Класа | Бизнис автомобил (E) |
Платформа | Платформа GM V (1966) |
Сродни | Холден Комодоре |
Комодоре A (1967–1971)
уредиПроизводство | 1967–1971 |
---|---|
Вид каросерија | 2-врати седан 4-врати седан 2-врати фастбек купе |
Мотор | 2.2 L-I6: 95 PS (70 kW; 94 hp) 2.5 L-I6: 115 PS (85 kW; 113 hp), 120 PS (88 kW; 118 hp) 130 PS (96 kW; 128 hp) 150 PS (110 kW; 148 hp) 2.8 L-I6: 145 PS (107 kW; 143 hp) |
Пренос | 4-брзини (рачно) 2- или 3-брзини-(автоматско) |
Меѓуоскино раст. | 2,668 mм (105.0 ин) |
Должина | 4,574 mм (180.1 ин) |
Ширина | 1,754 mм (69.1 ин) |
Висина | 1,445 mм (56.9 ин) |
Нетоварена тежина | 1,130–1,270 kg (2,491.2–2,799.9 lb) |
Сродни | Опел Рекорд Шевролет Опала Ренџер |
Опел Комодоре A бил произведуван во периодот од 1967 до 1971 година, врз основа на моделот на Опел Рекорд C. Откако бил понуден моделот со 2,6 L и 6-цилиндричен мотор во март 1964 година[1], Опел во февруари 1967 година го лансирал новиот модел на Комодоре како побрза варијанта на Рекорд. Моделот првично бил достапен со мотор од 2.2 L со шест цилиндри шестили поголем од 2,5 L мотор кој поседувал 115 КС (85 kW; 113 КС) со единечен карбуратор. Стилови на каросерија се состоеле од две врати или четири врат. Во септември 1967 година бил воведен моделот на Комодоре GS кој нудел 130 КС (96 kW) и 2,5 L со шест цилиндри.
Од септември 1969 година, основниот 2.5-мотор постигнал до 120 КС (88,3 kW; 118,4 КС), а во исто време, и двата преостанати мотори добиле хидраулични лифтови, нов систем за издувни гасови и шест лагери. Рачката на рачната сопирачка била преместена од својата позиција помеѓу предните седишта и резервоарот за гориво бил зголемен од 55 на 70 литри.
Спортскиот модел Комодоре GS / E, дебитирал во март 1970 година, со мотор од 2,5 L опремена со систем за вбризгување на гориво од Бош, со 150 КС (110 kW; 150 КС), кој му овозможувал на автомобилот максимална брзина од 197 км на час. Комодоре GS/E, исто така, имал кариера во мотоспортот. Во април 1970 година следел моторот со 2.8 Л и 145 КС (106,6 kW; 143,0 КС).
Биле произведени 156.330, вклучително и 2.574 спортски варијанти.
Платформата V body била користена од ГМ за производство на други модели на многу пазари, како GM Ranger кој бил продаван во континентална Европа и исто така во Јужна Африка заедно со GM Opala за Јужна Америка од 1968 година до 1992 година.
Денес името Комодоре е име синоним за GM Holden од Австралија.
Комодоре B (1972–1977)
уредиПроизводство |
|
---|---|
Вид каросерија | 4-врати седан 2-врати |
Мотор |
|
Пренос |
|
Меѓуоскино раст. | 2,668 mм (105.0 ин) |
Должина | 4,607 mм (181.4 ин) |
Ширина | 1,728 mм (68.0 ин) |
Висина | 1,380–1,415 mм (54.3–55.7 ин) |
Нетоварена тежина | 1,210–1,305 kg (2,667.6–2,877.0 lb) |
Сродни | Опел Рекорд D |
Комодоре B се засновал на Опел Рекотрд D и бил лансиран во 1972 година. Како и во претходната генерација, биле понудени четири модели: 2500 S, 2500 GS, 2800 GS и 2800 GS / E, како седан со четири врати. Моќноста на 2,5-литарскиот мотор имала 115 или 130 КС (85 или 96 kW; 113 или 128 КС), во зависност од спецификациите (25S / 25H), додека карбуратираниот 2,8 литри имале 130 или 142 КС (96 или 104 kW; 128) или 140 КС).
Рекорд и Комодоре исто така биле произведувани односно склопувани во Белгија и Швајцарија во 1970-тите. Овие автомобили го носеле името Ранџер и се разликувале од оригиналите и биле извезувани во различни земји. Производството на Комодоре Б завршило во 1977 година.
-
Опел Комодоре GS
-
Опел Комодоре GS/E купе
Опел Комодоре исто така бил произведуван и во Иран помеѓу 1974 и 1976 година под името Шевролет Ројал 2800 и 2500 со двата мотори од 2,5 L и 2,8 L од страна на Џенерал Моторс - Иран[2][3]. Првиот „Ројал“, исто така првиот автомобил „Шевролет“, изграден во Иран, ја напуштил производствената линија на 15 јануари 1974 година. „Ројал“ се продавал добро првично, но автомобилот не бил преработен за иранските услови. Автомобилот бил повлечен до почетокот на 1977 година, заменет со „Буик“, „Шевролет“ и „Кадилак“ од американско потекло[4].
Исто така бил произведуван и во Јужна Африка, под името Шевролет 2500, 3800 и 4100 и бил врвен продавач на тој пазар.
Комодоре C (1977–1982)
уредиПознат и како | Шевролет Комодоре (Јужна Африкс) Воксхал Вајсрој (Обединето Кралство) |
---|---|
Производство | 1977–1982 |
Наследник | Опел Омега A |
Вид каросерија | 2/4-врати седан 5-врати караван |
Мотор |
|
Пренос |
|
Меѓуоскино раст. | 2,668 mм (105.0 ин) |
Должина | 4,732 mм (186.3 ин) |
Ширина | 1,722 mм (67.8 ин) |
Висина | 1,415 mм (55.7 ин) |
Нетоварена тежина | 1,200–1,310 kg (2,646–2,888 lb) |
Сродни | Опел Рекорд E Холден Комодоре (VB) |
Опел Комодоре C за првпат бил прикажан кон крајот на 1977 година, во исто време со Рекорд E. Јужноафриканската верзија на овој автомобил, Шевролет Комодоре[5], всушност, бил претставен пред европскиот оригинален модел да влезе во производство, во септември 1978 година[6]. Комодоре продолжил да биде поголема и полуксузна верзија на Рекорд. Немало купе-верзија на Комодоре C, бидејќи бил заменет со Опел Монца, но кратко бил достапен и седанот со две врати. Единствениот мотор што го користел овој модел во Европа бил со 2,5-Л и со 115 КС (85 kW; 113 КС) или 130 КС (96 kW; 128 КС).
Комодоре никогаш не постигнал голем успех. Друга загриженост била потрошувачката на горивото[7]. Застарениот мотор, исто така, имал мал вртежен момент достапен при пониски брзини на моторот и бил бучен[8].
Новиот модел имал сличен преден крај на поголемиот Сенатор. Во Велика Британија бил продаван под името Воксхал Вајсрој, при што овој модел бил малку полуксузна верзија на Чарлтон. Моделот се апсорбирал во опсегот Рекорд од 1983 година. Токму овој модел се засновал на раните модели на Холден Комодоре, воведен кон крајот на 1978 година и на крајот бил заменет во 1988 година, со В.Н. Комодоре, модел заснован на тогашните модели на Опел Сенатор и Омега[9].
-
Опел Комодоре C (1978–1982)
-
Опел Комодоре C Voyage (1981–1982)
-
Опел Комодоре C (1978–1982)
-
Воксхал Вајсрој
Наводи
уреди- ↑ Zink, Günther (2009). „Oldtimer Katalog“ (германски). 23. Königswinter: HEEL Verlag GmbH: 262–263. ISBN 978-3-86852-067-5. Наводот journal бара
|journal=
(help) - ↑ Wilson, Rodney (1979), The Economies of the Middle East, London: MacMillan Press Ltd., стр. 6
- ↑ Mazur, Eligiusz, уред. (2002). Katalog Samochody Świata 2003 [World Car Catalogue 2003]. Warsaw, Poland: Print Shops Prego - Polska Sp. z o.o. стр. 226. ISSN 1234-8198.
- ↑ Qasemi, S.M. (2016-10-05). „شورولت رویال؛ خودرویی که از آغاز به پایان رسید!“ [The Chevrolet Royale: A car that was finished from the beginning!]. jamejamonline (персиски). Архивирано од изворникот на 2018-05-02.
- ↑ Chevrolet Commodore, South Africa
- ↑ Wright, Cedric, уред. (August 1978). „New models: Chevrolet Commodore on its way“. CAR (South Africa). том 22 no. 7. Ramsay, Son & Parker (Pty) ltd. стр. 14.
- ↑ Sundfeldt, Björn (1982-01-13). „Ljuva livet på vägen“ [Life of delight on the road]. Teknikens Värld (шведски). том 34 no. 3. Stockholm, Sweden: Specialtidningsförlaget AB. стр. 16–17.
- ↑ Sundfeldt, p. 18
- ↑ History of the Holden Commodore Part Two: VN, VP, VR, VS, 16 May 2018