Олденбург во Холштајн

Олденбург во Холштајн (германски: Oldenburg in Holstein) — град на југозападниот брег на Балтичкото Море. Најблизок поголем град е Либек. Градот припаѓа на историската област Холштајн, а денес се наоѓа во округот Источен Холштајн, во сојузната покраина Шлезвиг-Холштајн, Германија. Градот претставува административно седиште на општинската заедница Олденбург-Ланд, иако самиот град не е член на заедницата.

Олденбург во Холштајн
Градското собрание на Олденбург во Холштајн
Градското собрание на Олденбург во Холштајн
Градското собрание на Олденбург во Холштајн
Грб на Олденбург во Холштајн
Олденбург во Холштајн во рамките на Германија
Олденбург во Холштајн
Управа
Земја Германија
Покраина Шлезвиг-Холштајн
Округ Источен Холштајн
Градоначалник Мартин Фојгт
Основни податоци
Површина 39,67 км2
Надм. височина 8 м
Население 9.922 (31 декември 2022)[1]
 - Густина 250 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. OH
Пошт. бр. 23758
Повик. бр. 04361
Портал www.oldenburg-holstein.de
Местоположба на градот Олденбург во Холштајн во рамките на округот Источен Холштајн
Карта
Карта
Координати 54°18′0″N 10°53′0″E / 54.30000° СГШ; 10.88333° ИГД / 54.30000; 10.88333

Историја

уреди

Олденбург бил главен град на Вагрите, едно од словенските племиња кои се доселиле најзападно до реката Елба во или по VI век, исто така познати како Венди и Ободрити. Пристигнале околу 700 година и словенското име било Старигард или Старгард што означувало „стара населба“ или „стар замок“, додека германското име Олденбург има исто значења. Ободритите биле сојузници на Карло Велики. Царот Отон I ја основал епископијата Олденбург под водство на Адалдаг, архиепископ на Хамбург.

На Викинзите, градот им бил познат како Брандехузе (Brandehuse, односно „запалени куќи“), означувајќи го воинствениот период.

Со векови, Старигард/Олденбург останал словенски соперник на Хедеби во балтичката трговија, додека грофовите Адолф I и Адолф II од Шауенбург и Холштајн, поддржани од Хајнрих Лавот, конечно не ги поразиле Вендите во текот на првата половина на XII век.

Меѓународни односи

уреди

Олденбург во Холштајн е збратимен со:

Наводи

уреди
  1. „Население во разните административни единици на Шлезвиг-Холштајн во 2022 г.“. Статистичка служба за Хамбург и Шлезвиг-Холштајн. јуни 2023. (германски)

Надворешни врски

уреди