Еколошка мода

(Пренасочено од Одржлива мода)

Еколошка мода (екомода) или одржлива мода — дел од растечката филозофија за дизајн и тренд на еколошка одржливост, чија цел е да создаде систем кој бесконечно ќе биде поддржан во однос на општествената одговорност и одговорноста на животната средина. Еколошката мода е дел од зголемениот тренд за одржлив дизајн, при што се зема во обзир општественото влијание и влијанието врз животната средина кое го има производот што е направен и произведен, во периодот на неговот времетраење, вклучувајќи го остатоците од јаглерод.

Преѓа од органски памук

Според магазинот „Vogue“ (мај 2007) се чини дека овој тренд нема да биде краткотраен, туку би можел да трае повеќе сезони. Екологистите го искажуваат својот став за модата во светот преку донација за добротворни цели од продажбата на производи. Денес модните творци повторно ги воведуваат методите за еколошка свест преку користење на еколошки материјали и методите за општествена одговорност за производството.

Постојан неколку организации кои работат за да ги зголемат можностите на дизајнерите на еколошка мода. "Националната асоцијација на дизајнери на одржливата мода" е една од овие организации. Целта на асоцијацијата е да им помогне на претпријатијата кои имаат растечки бизнис во модата, коишто создаваат општествени промени и ја почитуваат животната средина. Дизајнерите за еколошка мода обезбедуваат образование за трипати пониска цена, обука и пристап до алатките и материјалите учење во индустријата кои ја подобруваат креативноста, иновативноста и имаат големо влијание на бизнисот. Мисијата на организацијата е да направи промени во општеството преку бизнис кој е поврзан со модата и дизајнот и да обезбеди образование, обука и промени кои ќе се транформираат во индустријата, како и да ја подобрат соработката, одржливоста и економскиот раст. Според непрофитната организација (НПО) – Earth Pledge која промовира и поддржува одржлив развој според која “најмалку 8 000 хемикалии се користат за суровините да се претворат во текстил и 25% од пестицидите во светот се користат за да се произведе неоргански памук. Ова преизвикува непоправлива штета за луѓето и живоната средина, и сепак две третини од јаглеродот кој се наоѓа во облеката ќе се појави откако ќе се купи”

Материјали

уреди

Постојат многу фактори кои влијаат на одржливоста на материјалот. Долготрајноста и изворот на влакното, процесот на претворање на суровините во текстил, работните услови на луѓето кои ги произведуваат материјалите и целосниот остаток на јаглерод во материјалите.

Природни влакна

уреди

Природни влакна се оние кои се создадени во природата и не се на основа на нафта. Природните влакна можат да бидат поделени на две главни групи – целулоза или растителни влакна и белковини или животински влакна.

Целулоза

уреди

Памукот е еден од најраспростанетите видови во светот кои растат со хемиски средства. Вообичаено, зрел памук користи околу 25 % од инсектицидите во светот и повеќе од 10 % од пестицидите во светот. Други влакна од целулоза се: јута, лен, коноп, абака, бамбус, соја, пченка, банана и ананас.

Белковини

уреди

Волна, свила, ангора (вид волна), камилхар, лама, викуња, кашмир, мохер.

Производство

уреди

Произведени се од природни материјали: лиоцел, полилактична киселина или ПЛК (полимер од пченка)

Рециклирани влакна

уреди

Рециклирани или обработени влакна се направени од одпадоци од ткаенина соберени од фабрики за производство на облека, кои повторно се преработуваат во пократки влакна за да се испредат во нова преѓа. Постојат само нколку уреди (механики) во светот кои се способни да ги преработат исечоците и променливиот избор на мешавини од рециклираните памучни влакна на кои се става пет преѓа за да ги зацврсти рециклираните памучни влакна и чистите акрилни влакна кои се додаваат за боја, густина и цврстина.

Дизајнери

уреди

Дизајнерите велат дека ќе се потрудат да ги вклучат овие одржливи и еколошки практики во модерната облека, наместо да произведуваат хипи облека. Еколошката мода типично е поскапа од облаката кој е направен по вообичаените методи, поради напорите што се преземени за да се намалат штетите, поради производството и поради испораката на призводите.

Познатите личности, моделите и дизајнерите како што се Стела Мек Картни, Роган Грегори, Питер Ингверсен, Али Хјустон,Боно, Чарил Рос и Самер Окс неодамна го привлекоа вниманието за свеста за општеството и за еколошката мода. Модната недела во Портланд којшто промовира дизајнери на еколошка мода и облека уште од 2005 година, го привлече меѓународниот печат со напорите што ги прави за да се одржи модна недела која ќе промовира дизајни кои се 100  % еколошки. Големиот број на славни личности од Холивуд се поврзани со еколошка мода, меѓу кои се: Натали Портман, Камерон Дијаз, Алиша Силверстоун, Адријан Гринер, Џенифер Анистон и Селма Хајек.

Дискусија

уреди

Иако памукот остава големо количество јаглен при неговото одгледување и производство, органскиот памук се смета за поодржлив избор за ткаенина зато што нема отровни пестициди со уништувачко дејство ниту пак хемиски ѓубрива. Многу дизајнери почнале да експериментираат со бамбусови влакна, кои ги апсорбираат гасовите кои се наоѓаат во стаклената бавча во текот на нивниот животен циклуц и растат брзо и во изобилие без пестициди. Меѓутоа, ткаенината од бамбус може да биде штетна за животната средина, поради хемикалиите кои се употребени за да се создаде мека вискоза од тврд бамбус. Некои луѓе веруваат дека конопот е еден од најдобрите избори за еколошки ткаенини, поради неговото брзо растење, но во некои држави е нелегално да се сади. Овие податоци на рециклирана, обработена и типична ткаенина го прават изборот за одржливост, а суровинитеи не бараат одгледување или произведување да се направат. Од неодамна се појави друго решение за еколошката мода кое користи синтетички влакна со процесот наречен Воздушно боење – технологија која ја елиминира водата во текот на процесот на боење и печатење. Критичарите сè уште ги нагласуваат хемикалиите коишто се користат за производство на синтетички материјали. Овој метод значително ја намалјува употребата на вода и загадувањето додека памукот (органски или неоргански) користи огромна количина на вода во текот на фазите на растење и боење. Критичарите на еколошката мода дискутираат дека овој тренд единствено што бара е да се отфрли високата цена на луксузните производи а за тоа да се добие согласност од општеството. Друга поголема критика за еколошка мода е потенцијалот за постојано менување на модата, за да ги охрабри потрошувачите постојано да ја фрлаат облеката од претходната сезона и да купа облека од најновата мода.