Мохер
ткаенина од ангора
Мохер е влакно од ангорска коза и е еден од најстарите текстилни материјали.[1] Влакното е долго е од 12 до 15 см и е обично со бела боја. Во однос на хемискиот состав, мохерот е многу сличен на овчата волна, но има многу посјајна површина. Станува збор за многу силни и еластични влакна, кои лесно се бојат. Се користи за изработка на џемпери, капи, одела, чорапи, теписи и сл.[2]
Една ангорска коза произведува 5-8 кг мохер годишно. Мохер со повисок квалитет се добива од помлади кози и јариња. Најголеми светски производители на мохер се Турција, САД и Јужна Африка.
Наводи
уреди- ↑ „Mohair | Animal Fibre, Textile Yarn & Clothing Fabric | Britannica“. www.britannica.com (англиски). Посетено на 2024-12-24.
- ↑ „Fabric Guide: What Is Mohair? - 2024“. MasterClass (англиски). Посетено на 2024-12-24.