Ог Мандино
Августин Ог Мандино ― писател и автор на повеќе книжевни дела од типот на самопомош, од Соединетите Држави. Автор е на бестселерот „Најголемиот трговец на светот“. Неговите книги се преведени во над 50 милиони примероци и преведени на над 25 јазици. Тој бил претседател на списанието „Unlimited Success“.
Ог Мандино | ||
Роден | 12 декември 1923 Кралство Италија | |
---|---|---|
Починал | 3 септември 1996 Соединети Држави | |
Занимање | Писател |
Животопис
уредиМандино е роден на 12 декември 1923 година во Италија. Според американскиот попис во 1930 година, го доби своето име по деда си од таткова страна.
Мандино бил уредник на средношколски весник и планирал да се запише новинарска школа на Универзитетот во Мисури. Но, летото 1940 година, пред да се запише на колеџот, мајка му, додека му подготвувала ручек во кујната, починала ненадејно од срцев удар. По инцидентот, Мандино се одлучил да се вработи во фабрика за хартија сè до 1942 година. Потоа, Мандино се приклучил на воздушниот корпус на американската армија, каде што станал воен офицер и бомбардер. Тој учествувал на триесет мисии над Германија со Б-24 Ослободител за време на Втора светска војна.[1] Во овој период имал прилика да лета со Џејмс Стјуарт, негов копилот и филмска ѕвезда, чија фотографија ја чувал обесена на ѕидот од својата домашна канцеларија, каде што Мандино ги пишувал своите книги.
По завршувањето на воените должности, Мандино открил дека многу копмании не вработуваат поранешни бомбардери и затоа станал продавач за осигурување. Поминувајќи време во патување и по ноќни барови, Мандино станал алкохоличар и не можел да задржи ниту една работа. Како резултат на тоа, сопругата на Мандино заедно со нивниот единствен син го напуштиле.Едно зимско ноемвриско утро во Кливленд, Мандино бил на работ да изврши самоубиство. Меѓутоа пребарувајќи низ книгите во библиотека, неколку книги на тема опоравување на личноста,успех и мотивација му го задржале вниманието. Тој селектирал неколку наслови и започнал да ги чита. Мандино посетувал многу библиотеки низ цела Америка. Да го ублажи алкохолизмот , Мандино читал многу книги на тема успех. Сето тоа го правел во библиотека во Конкорд. Мандино станал успешен писател.
Неговите дела биле инспирирани од Библијата и под влијание на Наполеон Хил, В.Климент Стоун и Фокс.
Филозофија
уредиМандино е автор на бестселерот Најголемиот трговец на светот којшто ја содржи „непобитната древна мудрост собрана во десет записи“ којашто ако се следи според пропишаните десет месеци, како што вели Ог, „ ќе го преточи во другиот ми ум, мистериозниот извор што не знае за сон, што ми ги создава соништата и честопати ме прави да дејствувам на начин што ни самиот не го разбирам. Како што другиот ми ум ги впива зборовите од овие записи, така јас почнувам да се будам, секое утро, со досега неспознаена живост. Жестината ќе ми се усили, ентузијазмот зголеми, желбата ќе го надвладее стравот што го чувствував на изгрејсонце, и ќе сум среќен како што никогаш не верував дека е можно да се биде во овој свет полн со напрегања и тага.“
Секој запис содржи упатство за како да се надминат лошите животни навики што „ се закануваат да ми ја зграпчат иднината“ преку добри навики кои би можеле да се развијат со десет месечно учење на записите. Секој запис го менува животот. Ова се записите:
- Запис 1 – Денес започнувам нов живот.
- Запис 2 – Ќе го поздравам денов со љубов во срцето.
- Запис 3 – Ќе бидам упорен сè додека не успеам.
- Запис 4 – Јас сум најголемо чудо на природата.
- Запис 5 – Ќе го живеам денов како да ми е последен.
- Запис 6 – Денес ќе бидам господар на своите емоции.
- Запис 7 – Ќе му се потсмевам на светот
- Запис 8 – Денес ќе ја умножам мојата вредност 100 пати.
- Запис 9 – Сега ќе дејствувам, сега ќе дејствувам, сега ќе дејствувам.
- Запис 10 – Ќе се молам за да бидам упатен.
Главната филозофска порака на Мандино е дека секој човек на земјата е едно чудо и треба самиот самоуверено да го води својот живот во склад со законите што го управуваат изобилството. Тој запишал во Запис 1 „ Јас нема да потфрлам како останатите, зашто во рацете ги имам десетте записи што ќе ме водат низ опасни води до бреговите кои вчера беа само сон.“ Ог го истакнува дејстувањето што се гледа од Запис 9, каде „сега ќе дејствувам“ е напишано осумнаесет пати. Тој осознал дека сите успешни луѓе свесно ги избираат посакуваните патишта и начинот на кој да стигнат до нив. Мандиновите филозофски пораки се испреплетени со христијански призвук, тие охрабруваат да се градат добри навики, да се живее во склад со законите на изобилство и да се пронајде живост и радост во животот. Ова е можно е до колку сами го управуваме бродот по животните води кон мирно засолниште, наместо чекајќи некој друг тоа да го стоти за нас.
Профил
уредиМандино се оженил со неговата втора сопруга Бет на 9 декември 1957. Има напишано вкупно 19 книги, од кои 16 сè уште се печатат. Тој се пензионирал на 52 годишна возраст.
Родниот град на Мандино е Нејтик, Масачусетс. Тој бил најстар од трите деца.
Омилени книги
уредиКнигите што следат се оние 12 книги за кои Мандино имал особена почит:[2]
- Автобиографијата на Бенџамин Франклин, од Бенџамин Франклин
- Мисли и збогати се, од Наполеон Хил
- До успех со позитивен ментален став, од Клемент Стоун and Наполеон Хил
- Моќта на вербата, од Луис Бинсток
- Најголемата моќ, од Мартин Кое
- Разбуди се и живеј, од Доротеја Бренди
- Те предизвикувам, од Вилијам Денфорт
- Дијаматски полиња, од Расел Конвел
- Способноста да се сака, од Алан Фром
- Како се издигнав од дното до успех во продавањето, од Френк Бетгер
- Магичната моќ на емоционалнито повик, од Рој Гарн
- Како што мисли човекот, од Џејмс Ален
- Светата Библија
Книги напишани од Мандино
уреди- САД во лушпа од орев
- Кругови
- Најголемиот трговец на светот
- Најголемата тајна на светот
- Најголемото чудо на светот
- Подарокот на Акабар( со Бади Кеј)
- Изборот
- Мисија: Успех!
- Божествениот меморандум
- Најголемито трговец на светот 2: крај на приказната
- Тој е силен
- Универзитет на успехот( компилација од повеќе книги)
- Како да се живее подобро
- Дванаесеттиот ангел
- Најголемата мистерија на светот
- Тајни на среќата и успехот
- Најголемиот успех на светот
Легенда за десетте свитоци од бестселерот Најголемиот трговец на светот
уреди- Свиток 1 - Денес започнувам нов живот. Денес ја отфрлам својата стара кожа, која предолго ги трпеше ударите на неуспехот и раните на просечноста. Денес повторно се раѓам во лозјето каде има овошје за сите. Денес ќе го оберам грозјето на мудроста од највисоката и најбогатата лоза во лозјето, зашто неа ја засадиле најмудрите во мојата професија кои дошле пред мене, генерација по генерација. Денес ќе го пробам вкусот на грозјето од оваа лоза и навистина ќе го проголтам семето на успехот, затворено во секое зрно, а новиот живот ќе никне во мене.
- Свиток 2 - Го поздравувам овој ден со љубов во срцето.Зашто ова е најголемата тајна на успехот во сите потфати. Мускулот може да го скрши оклопот и дури да го уништи животот, но само невидливата моќ на љубовта може да ги отвори срцата на луѓето. Додека не го совладам ова умеење, ќе останам само беден торбар на пазарот. Ќе направам од својата љубов најјако оружје и никој кого ќе посетам не може да се одбрани од нејзинита сила.
- Свиток 3 - Ќе истраам сè додека не успеам. На исток младите бикови испробуваат на одреден начин дали се подготвени за натпревар. Бикот се доведува во борилиштето и му се дозволува да го напаѓа пикадорот кој го прободува со копје. Храброста на секој бик тогаш внимателно се оценува според тоа колку пати, наспроти убодот на острицата, покажал волја за напад.
- Свиток 4 - Јас сум најголемото чудо на природата. Од памтивек немало ни еден со мојов ум, со моево срце, со моиве очи, со моиве уши, со моиве раце, со мојава коса, со мојата уста. Јас сум единственото суштество.
- Свиток 5 - Ќе го живеам овој ден како да ми е последен. А што ќе правам со овој последен скапоцен ден кој ми остана? Прво, ќе го затворам неговиот сад на животот, така што ни една капка да не капне на песокот. Нема да изгубам ниеден миг оплакувајќи ги вчерашните несреќи, вчерашните порази, вчерашните душевни болки, оти зошто да го фрлам доброто по лошото?
- Свиток 6 - Денес ќе бидам господар на своите чувства. Плимата надоаѓа, плимата опаѓа. Зимата поминува, летото доаѓа. Летото поминува, а студот се зголемува. Сонцето изгрева, сонцето заоѓа. Месечината е полна, месечината е млада.
- Свиток 7 - Ќе му се смеам на светот. Ниедно живо суштество не може да се смее, освен човекот. Во иднина ќе го негувам обичајот на смеењето.Ќе бидам среќен, ќе бидам успешен. Ќе бидам најголемиот трговец, кој светот било кога го видел.
- Свиток 8 - Денес стопати ќе ја зголемам својата вредност. Листот на црницата допрен од човековиот гениј станува свила. Полето со глина допрено од човековиот гениј станува замок.
- Свиток 9 - Моите соништа се безвредни, моите намери се прави, моите цели се неможни. Сето ова нема вредност доколку не ги следи работа. Јас ќе работам веднаш сега.
- Свиток 10 - Кој има така малку верба за во мигот на големата несреќа или душевна болка да не го повикал својот Господ? Кој ме повикал на помош во присуство на опасност, смрт или мистерија која го надминува неговото вообичаено искуство на разбирање? Од каде доаѓа тој длабок вкоренет инстинкт кој излегува од устата на сите живи суштества во мигот на опасноста?
Надворешни извори
уреди- Og Mandino's Official Website, Ogmandino.com, посетено на: 24 June 2008
Наводи
уреди- ↑ Og Mandino. The Og Mandino Story http://web.archive.org/web/20071219185032/http://www.ogmandino.com/ogstory/ogstorywritten.htm. Надворешна врска во
|title=
(help) - ↑ Og Mandino (1972). The Greatest Secret in The World. стр. 183–185.