Огнило (село)

поранешно село во Преспанско, Егејска Македонија

Огнило — некогашно село во Преспанско, Егејска Македонија, на територијата на денешната општина Преспа, Западна Македонија, Грција.

Огнило
Огнило is located in Грција
Огнило
Огнило
Местоположба во областа
Огнило во рамките на Преспа (општина)
Огнило
Местоположба на Огнило во општината Преспа и областа Западна Македонија
Координати: 40°44′N 21°04′E / 40.733° СГШ; 21.067° ИГД / 40.733; 21.067
ЗемјаГрција
ОбластЗападна Македонија
ОкругЛерин
ОпштинаПреспа
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Географија

уреди

Селото се наоѓало на југозападниот брег на Малото Преспанско Езеро, во близина на Трново.[1] Лежело на падината под возвишението Цуцуљ, во денешната месност Фоја.[2]

Историја

уреди

Огнило е потопено во втората половина на XVII век поради покачување на езерската вода. Според Тодор Симовски, во исто време се поплавени и селата Бушкани и Драгумица[1], иако тие се иселени доста подоцна.

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Симовски, Тодор Христов (1998). Населените места во Егеjска Македониjа (PDF). II дел. Скопjе: Здружение на децата-бегалци од Егејскиот дел на Македонија, Печатница „Гоце Делчев“. стр. 166. ISBN 9989-9819-6-5.
  2. По топографска карта М1:50 000, издание 1980-1985 „Генеральный штаб“