Кантарион
Кантарион или засекник[1] (науч. hypericum perforatum) — повеќегодишна тревна билка од семејството на кантарионите (Hypericaceae).
Кантарион | |
---|---|
Научна класификација [ у ] | |
Царство: | Растенија |
клад: | Скриеносеменици |
клад: | Евдикоти |
клад: | Розиди |
Ред: | Малпигиовидни |
Семејство: | Кантариони |
Род: | Кантарион |
Вид: | Кантарион |
Научен назив | |
Hypericum perforatum L. | |
Подвидови | |
| |
Синоними | |
|
Опис
уредиКантарион е повеќегодишна тревна билка со разгранет корен. Стеблото е исправено, без лисја, со висината од 20 до 100 сантиметри. Цветовите се жолти, додека плодот е како ѕвонче. Цвета од мај до септември.
За да биде добро одгледано, земјиштето треба да биде средно богато со хранливи материи, топлината треба да е умерена како и светлината. Поради тоа, кантарионот најмногу успева во умерени предели и суптропска клима ширум светот. Кантарионот се состои од: хиперицин, изохиперицин, хиперозид, кверцетин, рутин, кверцитрин, биапигенин, аменофлавон, катехин, епикатехин, хлорогенска киселина, кафена киселина, хиперфлорин, каротиноиди, стероли, леукоаноцијани, етерично масло.
Лековити својства
уредиКантарионот се користи како антидепресив, седатив и антибиотик, се користи надворешно и внатрешно. Активна супстанца е хиперфлорин. Екстрактот од кантарион ја зголемува концентрацијата невротрансмитера седатив и на адреналин во синапсите. Маслото од кантарион (Oleum hyperici) e најшироко познато и се користи за ублажување и лечење на изгореници. Се добива со преливање на свежи цветови на кантарионот со маслиново масло. Кантарионовото масло се користи за надворешна употреба и за јадење. Освен тоа може да ја штити кожата од воспалениe, помага и ја негува сувата и испуканата кожа и може да се употребува и за масажа преку опуштање на мускулите и помага кај слабата циркулација. Маслото од кантарион не треба да се користи за заштита од сонце, бидејќи е фотосензитивно и може да предизвика промени на кожата, но при изгореници истото може да биде користено.
При истражувања спроведени во 2015 година во врска со антидепресивното дејство на кантарионот, било утврдено дека не е делотворен како други антидепресиви, и дека лекувањето од депресија со кантарион се должи на плацебо ефектот.[2]
Наводи
уреди- ↑ „засекник“ — Дигитален речник на македонскиот јазик
- ↑ Linde K, Kriston L, Rücker G, Jamila S, Schumann I, Meissner K, Sigterman K, Schneider A (February 2015). „Efficacy and acceptability of pharmacological treatments for depressive disorders in primary care: systematic review and network meta-analysis“. Annals of Family Medicine. 13 (1): 69–79. doi:10.1370/afm.1687. PMC 4291268. PMID 25583895.
- ↑ Ian Popay (22 June 2015). „Hypericum perforatum (St John's wort)“. CABI. Посетено на 2 December 2018.