Просо
Просо | |
---|---|
Узреано просо | |
Научна класификација | |
Царство: | Растенија |
Нерангирано: | Скриеносеменици |
Нерангирано: | Монокотиледони |
Нерангирано: | Комелиниди |
Ред: | Тревовидни |
Семејство: | Треви |
Род: | Просо |
Вид: | Просо |
Научен назив | |
Panicum miliaceum L. |
Просо (науч. Panicum miliaceum, поточно обично просо или бело просо) — важна житарка во земјоделството. Дивиот предок и местото на припитомување на просото се непознати, но како полјоделска култура првпат се среќава во Закавказјето и Кина пред околу 7.000 години, што веројатно значи дека е независно припитомено на двете места. Денес сè уште се одгледува на големо во Индија, Русија, Украина, на Блискиот Исток, во Турција и Романија. Во Македонија се одгледува претежно за потребите на живинарството. Се продава и како макробиотска житарка и како храна за оние што не можат да јадат пченични производи поради глутенот.
Просото е добро приспособено да расте на разни почви и климатски услови. Има краток вегетативен период и бара само малку вода - најмалку од сите житарки, и со тоа е одлично за суви предели кајшто не се ора. Растението е едногодишна трева и достигнува просечна височина од 1 м. Зрната растат во групи на секое гранче и не надминуваат 2-3 мм во големина. По боја можат да бидат драп, жолти, портокалово-црвени или кафеави.
Во светот се познати и други растенија што се нарекуваат „просо“ и имаат слична намена, но не се сродни на него. Такви се бисерното просо (Pennisetum glaucum), бреницата (Setaria italica), кораканот (Eleusine coracana) и дивото просо (род Echinochloa).
Историја и припитомување
уредиДивиот предок на просото сè уште не е успешно утврден. Во средна Азија се среќаваат певелни облици на оваа житарка што виреат на подрачје од Каспиското Море до Сјинџанг и Монголија, и постои можност овие полусуви подрачја да се дом на вистински диви облици на просото."[1] Вакво просо е најдено во неолитски наоѓалишта во Грузија (од V и IV милениум п.н.е.), како и ископаните села од културата Јангшао во источна Кина. Според другите наоди, просото пристигнало во Европа накратко по неговото појавување во Грузија, и тоа најпрвин во источна и средна Европа. Меѓутоа, требало да поминат илјадници години пред истото да се појави во Италија, Грција и Иран, па така најраните наоди на Блискиот Исток се среќаваат во рушевините на градот Нимруд (Ирак) кои датираат од 700 п.н.е.[2]
Поврзано
уредиНаводи
уредиНадворешни врски
уреди- Просо на Ризницата ?
- Прирачник за алтернативни полјоделски култури: Проса (англиски)