ОУ „Јунус Емре“ - Лисичани

основно училиште во Македонија
(Пренасочено од ОУ "Мирче Ацев" - Лисичани)

Основно училиште „Јунус Емре“ (официјално: Основно општинско училиште „Јунус Емре“ - Лисичани; скратено: ООУ „Јунус Емре“; во минатото: ОУ „Мирче Ацев“) — централно основно училиште во селото Лисичани. Училиштето се наоѓа во самото село Лисичани.

Јунус Емре

Поглед на основното училиште
Поглед на основното училиште
Место
Општина: Општина Пласница
Наречено по: Јунус Емре
Нас. место: Лисичани
Адреса: с. Лисичани
Местоположба

Карта

Основни информации
Основано: 1948
Директор: Ајнур Бајрамоски
Број на ученици: 127[1]
Настава на: турски и македонски
Контактни информации
Мреж. место mirceacev-lisicani.weebly.com/
Е-пошта s_lisicani@yahoo.com
Телефон (045) 284-055

Денес, училиштето е именувано по турскиот мислител, Јунус Емре, додека во минатото училиштето го носело името на народниот херој Мирче Ацев.

Местоположба

уреди

Објектот на централниот објект на училиштето се наоѓа на самиот влез во селото Лисичани.[2]

Историја

уреди

Училиштето започнало со работа во 1948 година како четиригодишно основно училиште. Сѐ до 1974 година учениците од село Лисичани своето образование го продолжувале во Орланци и во Вранештица, кога била изградена новата училишна зграда во селото. Тогаш, училиштето станало осумгодишно, но работело во склоп на ЦОУ „Ванчо Србаков“ од селото Вранештица.

Во април 1980 година, ОУ „Мирче Ацев“ станало централно училиште, а во чиј состав влегле и подрачните училишта во Вранештица и во Староец, а од 1985 година во негов состав влегло и подрачното училиште во селото Челопеци.

Во 2004 година била воведена настава на турски јазик.

Во 2013 година имало конфликти помеѓу месното население и градоначалникот на Општина Пласница во врска со неговата одлука за припојување на училиштето како подрачно на основното училиште „Мустафа Кемал Ататурк“ од Пласница и промената на директорот на училиштето.[3]

Во 2015 година училиштето било преименувано по турскиот мислител Јунус Емре.[4]

Настава

уреди

Во училиштето наставата се изведува на турски и на македонски наставен јазик.

Наставата се изведувала на македонски јазик сѐ до 2004 година од кога наставата во централното училиште се изведува и на турски јазик. Со законите за децентрализација, управувањето со училиштето е во надлежност на Општина Пласница.

Подрачни училишта

уреди

Во составот на училиштето спаѓаат:


Наводи

уреди
  1. „Сè уште тензично во село Лисичани, наставата и натаму во прекин“. Кичево. 2013-11-07. Посетено на 2020-10-28.
  2. „ЛИЧНА КАРТА“. ОУ,,МИРЧЕ АЦЕВ,,-ЛИСИЧАНИ. Посетено на 2020-10-28.
  3. „150 ученици од Лисичани не одат на настава“. kanal5.com.mk. Посетено на 2020-10-28.
  4. „ОУ „Јунус Емре" - с. Лисичани, Пласница“. feniks.net.mk. Архивирано од изворникот на 2020-11-29. Посетено на 2020-11-24.

Надворешни врски

уреди

41°27′47.71″N 21°02′53.82″E / 41.4632528° СГШ; 21.0482833° ИГД / 41.4632528; 21.0482833