ОМУ „Ристо Јуруков“ - Кочани
Општинско основно музичко училиште „Ристо Јуруков“ ― музичко основно училиште во Кочани. Се наоѓа во Спомен-домот „АСНОМ“.
ОМУ „Ристо Јуруков“ - Кочани | |
---|---|
Влезот на училишната зграда | |
Адреса | |
ул. „Љупчо Сантов“ б.б. | |
Координати | 41°55′07″N 22°24′49″E / 41.918519° СГШ; 22.413498° ИГД |
Информации | |
Поранешно име | Нижо музичко училиште „Стеван Мокрањац“ |
Вид | Музичко основно училиште |
Основано | 9 април 1956 |
Месен авторитет | Општина Кочани |
Авторитет | Министерство за образование и наука |
Наставен јазик | македонски |
Мрежно место | ristojurukov.edu.mk |
Историја
уредиОпштинско основно музичко училиште во Кочани е основано на 9 април 1956 година, со Решение на Народниот одбор на Општина Кочани како под називот Нижо музичко училиште „Стеван Мокрањац“.[1][2] Името го носело според Стеван Мокрањац (1856-1914) кој бил српски композитор кој починал во Скопје.
Организирањето на почетните активности му било доверено на тогашниот професор по предметот Музичко во СУ „Љупчо Сантов“, Ристо Јуруков, дипломец од загрепскиот конзерваториум. Тој извршил почетно екипирање на наставниот кадар, обезбедил инструменти и ученици. Првите часови биле одржани во просториите на Ловниот дом во Кочани. Музичкото образование овозможило заживување на културната дејност во целиот град. Ристо Јуруков и културните дејци од Кочани, меѓу кои и Борис Стојчев - како режисер и глумец, започнале да работат на подготовка на оперети. Јуруков со своите колеги бил одговорен за музичкиот дел. Учеството на учениците во хорот и оркестарот било масовно, а секоја премиера претставувала културен спектакл за Кочани.[2]
Во 1969 година, училиштето ја сменило местоположба и се преселило во соседната зграда, зградата на поранешната Полициска станица, во попристојни услови за работа.[2] Прифатеноста на идејата за стекнување музичка наобразба сè повеќе растела. Бројот на учениците од година во година се зголемувал: во наставната 1968/69 имало 132 ученици, 1970/71 - 160, 1977/78 - 249 ученици. Училиштето ги произвело и првите генерации свои ученици кои веднаш биде ангажирани како наставен кадар во него. Јавните часови, годишните концерти, настапите на учениците инструменталисти во различни пригоди овозможувале приближување на резултатите до јавноста.[2]
Растот на вкупното музичкото живеење во Кочани се чувствува и во создавањето на ансамблите при Домот на културата „Бели мугри”. На 8 март 1983 година, седиште на Музичкото училиште „Стеван Мокрањац” станало западниот дел од комплексот „АСНОМ”.
Во јуни 2007 година, по повод 50-годишнината од основањето, училиштето било преименувано во „Ристо Јуруков“.[1]
Во учебната година 2023/24, наставата ја посетувале 164 ученици и тоа 114 ученици во деветгодишно образование и 50 ученици во шестогодишно образование. Тога, во прво одделение во деветгодишно образование биле запишани 16 ученици, а во шестгодишно образование 8 ученици.[3]
Досегашни директори
уреди- Љупчо Стојановски (1969-1990) - претходен наставник по виолина уште од неговото основање
- Јованка Милојевиќ (1990-2010) - наставник по флејта[4] пред и после директорувањето
- Елизабета Ѓеорѓиева (2010-) - наставник по пијано пред и после директорувањето[4]
- Марија Лазарова (септември 2019-) - претходен наставник по солфеж и теорија на музика, хор и оркестар, подоцна и пијано[5]
Особености
уредиНастава
уредиВо подготвително одделение, како почетна година за музичкото образование секоја нова учебна година се запишуваат триесетина ученици. Во првото полугодие тие изучуваат теорија на музиката, а веќе во второто полугодие, по аудиција од страна на наставниот кадар и со почит кон желбата на ученикот за избор на инструмент, започнува инструменталната музичка наобразба во четирите постоечки оддели: пијано, виолина, флејта-хармоника и гитара. Меѓу децата кои редовно, на осум односно деветгодишна возраст го започнуваат музичкото образование има и три-четири години помали, кои според афинитетот кон музиката, а со особено залагање и внимание од наставниот кадар, започнуваат порано да навлегуваат во вештините на музичките инструменти.
Во 2006 година, била осовременета училница за групна настава и јавна и културна дејност која била опремена со нова аудиовизуелна опрема.
Простор и инструментариум
уредиУчилиштето користи простор со површина од 640 м2.
Инструментариум со кој располага:
Гудачки и дувачки инструменти кои не се во функција:
Други активности
уредиВо 1998 година Музичкото училиште со група ентузијасти од Кочани стана носител и реализатор на Фестивалот на детска песна “Пинокио”. Негов уметнички директор беше Јованка Милојевиќ, а раководител на хорот Марија Лазарова. Во продукција на МТВ, на две аудиокасети снимена е 21 композиција. Следната година, училиштето ги споделило фестивалските активности со Центарот за детско творештво „АСНОМ”. На вториот фестивал „Пинокио” биле изведени 14 композиции, исто како и на следниот фестивал во 2000 година. Најголем дел од интерпретаторите биле од Кочани, од музичкото училиште. Тие отпеале песни на познати македонски композитори, на текст на кочански автори.
Најпопуларната активност која стана белег за Музичкото училиште во Кочани и традиција за културното живеење во градот, несомнено е Новогодишниот концерт. Носители на активностите се вработените во училиштето кои со својот музички потенцијал сами ги изготвуваат аранжманите и раководат со вокалните и со инструменталниот ансамбл. Раководител на вокално-инструменталниот ансамбл и негов диригент е Марија Лазарова, а сите вработени во училиштето директно се вклучени во организацијата и остварувањето на концертот. Новогодишниот концерт три години по ред бил прогласуван за настан на годината на градската манифестација „Музичка сцена“.
Галерија
уреди-
Влезот на зградата
-
Поглед од исток
-
Поглед од запад
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 Монографија “50 години музичко училиште - Кочани“, издавачи: ООМУ „Ристо Јуруков“ и Локална самоуправа - Кочани, јуни 2007.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 2,3 „Историја на училиштето“. ООМУ „Ристо Јуруков“. Архивирано од изворникот 2022-10-01. Посетено на 27 септември 2023.
- ↑ Славчо Ивановски (4 септември 2023). „ЗАПОЧНА УЧЕБНАТА ГОДИНА ВО ОМУ „РИСТО ЈУРУКОВ" – КОЧАНИ“. komarec.com.mk. Архивирано од изворникот 2023-09-27. Посетено на 27 септември 2023.
- ↑ 4,0 4,1 „Наставен кадар“. ООМУ „Ристо Јуруков“. Архивирано од изворникот 2023-06-19. Посетено на 27 септември 2023.
- ↑ „Директор на училиштето“. ООМУ „Ристо Јуруков“. Архивирано од изворникот 2023-06-19. Посетено на 27 септември 2023.
Надворешни врски
уреди- ОМУ „Ристо Јуруков“ - Кочани на Ризницата ?