Нориаки Касаи

Јапонски ски-скокач, тренер

Нориаки Касаи (јапонски: 葛西 紀明, Касаи Нориаки, роден на 6 јуни 1972 г.) е јапонски ски скокач. Во својата кариера освоил златен медал на ФИС Светското првенство во скијачки скокови 1992, победил на Нордискиот турнир во 1999 година, освоил сребрен медал во поединечна конкуренција на Зимските олимписки игри 2014 година и два бронзени медали во поединечна конкуренција на Светското првенство во скијачки скокови во 2003 година.

Нориаки Касаи
Касаи во Бишофсхофен, 2017
ДржаваЈапонија
Роден6 јуни 1972(1972-06-06)(52 г.)
Шимокава, Хокаидо, Јапонија[1]
Висина&100000000000001760000001,76 м[1]
Скијачки клубЦучија скијачки тим
Личен рекорд241.5 м (792 ст)
Викерсунд, 19 март 2017 (Светски куп)
Кариера во Светскиот куп
Сезони
  • 1988–1994
  • 1995–2020
Поединечни победи17
Екипни победи3
Поед. подиуми63
Екипни подиуми19
Поед. тргнувања569 World Record
Екипни тргнувања71 World Record
Nordic titles1 (1999)
Ажурирано на 28 март 2021.

За време на својата кариера, Касаи соборил многу рекорди во скијачки скокови. Во 2016 година, влегол во Гинисови светски рекорди за најмногу поединечни учества во Светскиот куп, но не само во скијачки скокови, туку во сите дисциплини од Светскиот куп организирани од Меѓународната скијачка федерација. Во Светскиот куп, Касаи се натпреварувал 31 сезона од сезоната 1988–89 до 2019–2020.

Кариера

уреди

1988: Деби на Светскиот куп

уреди

Касаи дебитирал на Светскиот куп на 17 декември 1988 година во Сапоро, Јапонија, на 16-годишна возраст, и завршил на 31-то место. Една година подоцна тој настапил на своето прво нордиско светско првенство во Лахти, Финска.

1992: Светски шампион

уреди

Своето прво и единствено големо првенство го освоил во 1992 година во Харачов, Чехословачка. Тој победил по вториот натпреварувачки ден кој бил откажан поради силен ветар и падот на Кристоф Дафнер. Тогаш тој бил меѓу најдобрите скокачи во светот, познат по својот извонреден стил, држејќи го телото речиси припиено до скиите.

1994: Олимписки екипен медал

уреди

Во 1994 година, како член на јапонската репрезентација го освоил сребрениот медал во екипна конкуренција на голема скокалница и завршил петти во поединечна конкуренција на големата скокалница на Зимските олимписки игри во Лилехамер. По скршеницата на рамото, ја пропуштил целата 1994/95 сезона

1999: Нордиски турнир

уреди

Во 1999 година, Касаи победил на натпреварот во ски скокови на скијачкиот фестивал во Холменколен и воедно титулата на Нордискиот турнир. На нордиските светски првенства освоил вкупно седум медали, два сребрени (екипно на голема скокалница во 1999 и 2003 година) и пет бронзени медали (поединечно на мала скокалница и поединечно на голема скокалница во 2003 година, (екипно на голема скокалница во 2007 и 2009 година и мешана екипа на мала скокалница во 2015 година). На Зимските олимписки игри 2010 во Ванкувер, тој завршил осми на големата скокалница и 17 на малата скокалница.

2014: Најстар освојувач на олимписки медал

уреди

На Зимските олимписки игри 2014 во Сочи, тој се натпреварувал на рекордната седма Олимпијада и го освоил сребрениот медал во поединечна конкуренција на малата скокалница и бронзата во екипна конкуренција на големата скокалница. Со ова станал најстариот ски скокач кој освоил медал на Зимските олимписки игри.[2]

На 29 ноември 2014 година Касаи станал најстариот победник на Светскиот куп кога ја поделил победата со Симон Аман во Рука, Финска.[3]

На 22 февруари 2015 година Касаи го освоил бронзениот медал на Светскиот куп во нордиско скијање во мешана екипна дисциплина и станал најстариот освојувач на медал на Светското првенство во нордиско скијање. Тој настапил по рекорден дванаесетти пат на натпреварот.

2016: 500-то појавување на Светскиот куп

уреди

На 4 март 2016 година, на возраст од 43 години и 272 дена освоил медал на Светскиот куп во Висла, со што поставил рекорд како најстар натпреварувач кој се качил на подиумот во историјата на скијачките скокови.[4] На 17 март 2016 година во Планица се појавил за рекорден 500-ти индивидуален старт на Светскиот куп.[5]

Олимпијада 2018 година

уреди

Касаи завршил на 21-во место на малата скокалница на Зимските олимписки игри 2018 година. [6]

Позначителни резултати

уреди

Олимписки игри

уреди
година Место МС ГС Екипно ГС
1992   Албервил 31 26 4
1994   Лилехамер 5 14 2
1998   Нагано 7 - -
2002   Солт Лејк Сити 49 41 -
2006   Торино 20 12 6
2010   Ванкувер 17 8 5
2014   Сочи 8 2 3
2018   Пјонгчанг 21 33 6

ФИС Светско првенство во нордиско скијање

уреди
година Место МС ГС Екипно МС Екипно ГС Мешано ГС
1989   Лахти 54 57 N/A 15 N/A
1991   Val di Fiemme - 36 11
1993   Фалун 10 7 5
1995   Заливот Тандер Не се квалификуваше
1997   Трондхајм
1999   Рамсау 5 10 N/A 2 N/A
2001   Лахти 8 19 4 4
2003   Val di Fiemme 3 3 N/A 2
2005  Оберстдорф 21 36 9 10
2007  Сапоро 34 24 N/A 3
2009  Либерец 30 32 N/A 3
2011  Осло 26 24 5 6
2013  Val di Fiemme 35 22 N/A 5 -
2015  Фалун 35 11 4 3
2017  Лахти 28 32 7 -

Светско првенство во скијачки скокови

уреди
година Место Индивидуален Тим
1990  Викерсунд 23 N/A
1992  Харачов  
1994  Планица 19
1996  Лош Митерндорф 24
1998  Оберстдорф -
2000  Викерсунд 5
2002  Харачов -
2004  Планица 24 5
2006  Лош Митерндорф - -
2008  Оберстдорф 35 7
2010  Планица 12 -
2012  Викерсунд - -
2014  Харачов 4 -
2016  Лош Митерндорф 5 -
2018  Оберстдорф 25 -

Рекорди

уреди

Во текот на својата кариера, Касаи соборил многу рекорди во скијачки скокови и пробил старосни граници. Тој е најстариот спортист што настапил на ФИС Светскиот куп во ски скокови и го држи рекордот за најмногу настапи во ова натпреварување, со вкупно 569 поединечни појавувања (640 ако се земат предвид екипните учества) за време на неговата 31 годишна кариера од 1988–89 до 2019– 20.[7] [8] Касаи, исто така, има рекорден број настапи во ски скокови на Зимските олимписки игри (21 појавување), ФИС Светското првенство во нордиско скијање (42 појавувања) и ФИС Светското првенство во скијачки летови (13 старта). [9] [10] [11] Во 2016 година, влегол во Гинисовата книга на рекорди за „најмногу настапи на ФИС нордиско светско скијачко првенство од ски скокач во поединечна конкуренција“ и „најмногу поединечни стартови во натпреварите од ФИС Светскиот куп во ски скокови“. [12] Во ноември 2014 година, Касаи станал најстариот победник во Светскиот куп во поединечна конкуренција, на возраст од 42 години и 5 месеци.[3][13] Тој е и најстариот натпреварувач кој се качил на подиум на Светскиот куп, на возраст од 44 години и 9 месеци.[14]

Касаи е првиот спортист во историјата кој учествувал на осум Зимски олимписки игри (помеѓу 1992 и 2018 година). [15] На Зимските олимписки игри 2014 година, тој станал најстариот освојувач на олимписки медал во ски скокови, откако освоил сребрен медал на возраст од 41 година и 254 дена.[2]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 „Noriaki Kasai – Player Profile – Ski Jumping“ (англиски). Eurosport. Посетено на 29 March 2021.
  2. 2,0 2,1 „Soczi 2014: Noriaki Kasai wyskakał srebro dla chorej siostry“. PolskieRadio.pl (полски). 16 February 2014. Посетено на 10 February 2019.
  3. 3,0 3,1 R. K. (10 March 2016). „500? Lepo, toda 6 je moja srečna številka. Grem na 600!“ (словенечки). RTV Slovenija. Посетено на 10 February 2019.
  4. „SKI FLYING INDIVIDUAL – PLANICA, 17–20 MARCH 2016“ (PDF). fis-ski.com. Архивирано од изворникот (PDF) на 3 January 2017. Посетено на 2 January 2017.
  5. „Kasai places sixth in 500th World Cup event“. The Japan Times. 18 March 2016. Архивирано од изворникот на 2022-02-13. Посетено на 2 January 2017.
  6. „Olympic Winter Games PyeongChang (KOR)“. fis-ski.com. Посетено на 29 March 2021.
  7. „KASAI Noriaki – Athlete Information“. fis-ski.com. Посетено на 10 February 2019.
  8. „KASAI Noriaki – All appearances“. fis-ski.com. Посетено на 10 February 2019.
  9. „KASAI Noriaki – Olympic Winter Games“. fis-ski.com. Посетено на 10 February 2019.
  10. „KASAI Noriaki – World Ski Championships“. fis-ski.com. Посетено на 10 February 2019.
  11. „KASAI Noriaki – FIS Ski Flying World Championships“. fis-ski.com. Посетено на 10 February 2019.
  12. Rachel Swatman (31 January 2016). „Japanese athlete Noriaki Kasai accepts record certificates at FIS Ski Jumping World Cup“. Guinness World Records. Посетено на 10 February 2019.
  13. „SKI JUMPING/ Kasai rewrites record book for oldest winner“. The Asahi Shimbun. 1 December 2014. Архивирано од изворникот на 3 December 2014.
  14. „Stoch wins ski jump WCup round, Kasai beats own age record“. SI.com (англиски). Vikersund. 19 March 2017. Посетено на 10 February 2019.
  15. Lutz, Rachel (8 February 2018). „Noriaki Kasai sets record with 8th Winter Olympics appearance“. OlympicTalk (англиски). Посетено на 10 February 2019.

Надворешни врски

уреди
  • Noriaki Kasai at the International Ski Federation
  • Noriaki Kasai at the International Olympic Committee
  • Нориаки Касаи на Sports Reference