Скијачки скокови на Зимските олимписки игри 2010 - поединечно на мала скокалница

Скијачки скокови на
Зимските олимписки игри 2010
Мала скокалница
Голема скокалница
Голема скокалница (тимски)
Квалификации


Натпрварите во скијачки скокови на малата скокалница на Зимските олимписки игри 2010 се одржаа на 12 и 13 февруари. На натпреварот учествуваше 61 спортист од 18 земји. Медалите во овааа дисциплина на Олимписките игри беа доделени по 13. пат.

Натпреварите во двата дена се одржаа во Вислер. На 12 февруари, со почеток во 10:00 по месно време (UTC-8) се одржаа квалификациите, а на 13 февруари, со почеток во 9:45 се одржаа финалните натпревари. Квалификациите во оваа дисциплина беа првиот натпревар на игрите.

Златниот медал го освои Швајцарецот Симон Аман, кој стана првиот натпреварувач кој успеал по вторпат на Олимписките игри да освои златен медал во оваа дисциплина.

Освојувачи на медали уреди

Злато Сребро Бронза
  Симон Аман   Адам Малиш   Грегор Шлиренцауер

Надворешни врски уреди