Нема проверени преработки на оваа страница, што значи дека можеби не е проверено дали се придржува до стандардите.

Никола Цонев е еден од последните професионални кописти на фрескоживопис во Република Македонија кој има ископирано над 150м2 копии на фрески, кои се истакнуваат со највисок ликовен квалитет својствен за надарени сликари од овој домен, верни до оргиналот и со трајна вредност.

Основни биографски податоци

уреди
 

Никола Цонев е академски сликар – конзерватор и фрескописец (зограф) роден 15.4.1945 година во с. Дрвош, Струмица од мајка Јордана – домаќинка и татко Стојан, стопан. Основното образование до четврто одделение го завршил во село Дрвош, а од петто до осмо одделение учел во с. Иловица, Струмица, кое е оддалечено од Дрвош 4 км. Во 1960 г. се запишува во средно училиште за применета уметност кај професор Драган Аврамосвки Гуте, а во 1969 г. дипломирал на Педагошката академија, оддел за ликовно воспитување. Како невработен егзистира од повеќе работи од областа на уметноста благодарение на Нико Този (тогашен Министер за култура), црта илустрации за детски списанија и за весникот „Нова Македонија“ (рубрика „Веруваш или не“). Од 1.2.1973 г. се вработува како аранжер во „Југотекстил“, а од 1.2.1976 г. се вработува во Археолошки музеј на Македонија како сликар, копист и конзерватор на икони, каде што работи до пензионирање. Од 1985 г. студирал на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, каде што и дипломирал во 1989 г. на отсек сликарство со графички дизајн.

КОНЗЕРВАЦИЈА

уреди

Конзервација на фрескопис

уреди

Уште како средношколец се вклучува во конзерваторските активности што ги изведува Републичкиот завод за заштита, како и Градскиот завод за заштита на спомениците на културата. Од 1963 г. за прв пат работел во црквата „Св. Богородица – Заум“, Охрид, под раководство на конзерваторот Спасе Спировски. Потоа следеле и други конзерваторски работи во црквите: „Св. Никола“, Варош, Прилепско; „Св. Никита“, село Бањани, Скопско; „Св. Пантелејмон“, Скопје; „Св. Андреја“, Матка, Скопје; Пивски манастир, Црна Гора и во с. Локвица, Крушевско, со конзерваторот Соколе Шутиновски. Во овие споменици ги има изработенo сите конзерваторски операции: исцртување, вадење калкови, инектирање, ретуширање, вадење фрески од ѕидовите и нивно враќање, правење калапи позитив и негатив, импрегнирање на извадените фрески и други работи од областа на конзервацијата.

Конзервација на иконопис

уреди

Од збирката икони на Музејот на Македонија има конзервирано над 50-тина икони со различна димензија. Од конзерваторското искуство ја реализира подготовката на изложбата на икони во 1986 г. во Ватикан. По извршениот увид на состојбата на иконите од страна на проф. д-р Цветан Грозданов и конзерваторот советник Спасе Спировски и направениот записник, конзерваторските зафати биле стручно изведени. Ценејќи ги вредностите на иконите со конзерваторските интервениции се нема нарушено оргиналноста на самите икони. Во 1986 г. На Културни денови на Македонија во Загреб, Хрватска, во музејот „Неимар“, биле изложени копии и фрески од Музејот на Македонија. Во 1987 г. во соработка со конзерваторот Илија Кафкалевски имаат извршено конзервација на иконите кои биле презентирани на изложбата „Икони од Mакедонија“, во музејскиот простор во Загреб, Хрватска.

Копии на фрескопис

уреди
 
Копирање на светители во црквата "Св. Богородица Перивлепта" - Охрид, 1977 год.

Пред да биде вработен во Археолошкиот музеј на Македонија, бил испратен да изврши копирање на фреската „Св. Богородица“ и „Св. Димитрије“ во црквата „Св. Димитрија“, Варош, Прилеп. Во конкуренција со други сликари, комисијата одлучува да биде примен Никола Цонев. Со копирање на фрески започнува интензивно да се занимава со вработувањето во Археолошкиот музеј, Скопје. Работите околу фрескописот ги има извршувано самостојно и тоа почнувајќи со вадење калк, подготовка на платото со грунд, правење блинд рам и монтирање на скеле за работа. Грундираните платна биле добро подготвнеи, така што кога требало да се транспортираат за на изложба се ваделе од рам, се виткале во ролна без да испука грундот. Карактеристично за копиите на Никола Цонев е тоа што ги работел со темпера и казаински раствор, и кога ја копирал фреската на платно, платното го навлажнувал со вода за да се добие ефект на влажен малтер. Структурата на платното кога се грундирало требало да изгледа како фреската на ѕидот.

Во Италија копиите на фрески ги сметаат за оригинални дела, а не како прецртување, како што се мисли кај нас. Веродостојноста на фрескокописите кај посетителите буделе воздишки и неверување, како и желба да се допре ѕидот (т.е. платното). Најголемо признание има добиено од професорот Димче Коцо. Кога ја видел копијата на фреската Вознесение Христово од црквата „Св. Ѓорѓи“, с. Курбиново, Ресен, тој само прокоментирал: „Прв пат оригиналот да го видам на под”. Впрочем, копиите еден ден ќе бидат оригинали, затоа што фреските на ѕидовите неумоливо ги уништува забот на времето и негрижата на институциите.

Од вработување до пензионирање ги има следните копии и фрески:

  • Од црквата „Св. Димитрија“, Варош, Прилеп: Св. Димитрија (200x80sm) 1975 г.; Св. Богородица со Христос (165x86sm) 1975 г.
  • Св. Петнаесет Тиверополски маченици, Струмица (90x80sm) 1976 г.
  • Од црквата„ Св. Богородица Елеуса“,Вељуса, Струмица: Св. Нифон (100x101sm) 1976 г.; Светител од тремот на фасадата (130x190sm) 1976 г.
  • Од црквата „Св. Богородица Перивлепта“,Охрид; Св. Богородица Ширшаја од апсидата (156x213sm) 1977 г.
  • Од црквата „Св. Ѓорѓи“, Курбиново, Ресен; Вознесение Христово во два дела (530x140sm) и (200x120sm) 1978 г.
  • Од црквата „Св. Пантелејмон“, Нерези, Скопје; Оплакување на Христос (400x164sm) 1979 г., Симнување на Христос од крстот (216x163sm) 1979 г., Сретение Христово (387x156sm) 1979 г., Пресвета Богородица од столбот.
  • Од црквата „Св. Софија“, Охрид., Св. Кирил филозоф и Св. Климент, Страдањето на св. 40 севастијански маченици (494x276sm) 1980 г.
  • Од црквата „Св. Никола“, с. Манастир, Прилеп; Причестување на апостолите (530x179sm) 1982 г., Св. Климент Охридски (81x210sm) 1982 г.
  • Од црквата „Св. Ѓорѓи“,с. Старо Нагоричани, Куманово; Ктиторска композиција со кралот Милутин (229x183sm), Св. Климент и Кавасилас (154x181sm) 1983 г.
  • Од црквата „Св. Богородица“, с. Кучевиште, Скопско; Св. Богородица со Христос (99x249sm) 1982 г.
  • Од црквата „Св. Успение Богородичино“,с. Дивље, Скопско, ктиторска композиција (75x120sm) 1983 г.
  • Од црквата во Водоча, Струмица; Ѓакон Исавријос (92x250sm)
  • Од црквата „Св. Богородица“, с. Матејче, Куманово; Св. Климент Римски (58x109sm) 1980 г.

За Музеј на Македонија има изготвено над 150 м2 копии на фрески, кои се истакнуваат со највисок ликовен квалитет својствен за надарени сликари од овој домен. За Музејот за словенска писменост во Охрид, ги има копирано портретите на Св. Климент Охридски.

  • Од црквата „Св. Богородица“, Грачаница, Србија (173x230см)
  • Од црквата „Св. Никола“, с. Псача, Крива Паланка (76x249см)
  • Од црквата „Св. Богородица“, с. Матејче, Куманово (75x120см)
  • Од црквата „Св. Никита“, с. Чучер, Скопје (75x61см)
  • Од црквата „Св. Андреаш“, Матка, Скопје (40x52см) За Заводот и Музеј во Струмица има ископирано повеќе копии и фрески од црквата „св. Леонтие“, с. Водоча, имено над 7м2. За Музејот на Град Скопје од цркватa „Св. Богородица“, с. Сушица ги има копирано следните фрески: Благовестие со Марија и Елисавета (318x127см) 1983 г., Влегување во Ерусалим (309x127см) 1983 г., Богородица кај бунарот (92x130 см) 1983 г., Сцена со Богородица (93x130см) 1983 г. Фрескокопиите што ги има работено Никола се наоѓаат во сталната поставка на Музејот на Македонија, дел се во депото, а некои се изложени во државни институции како што е „Причестување на апостолите“ од црквата „св. Никола“, Манастир, Прилеп во Собранието на Република Македонија.

Нов фрескоживопис

уреди
 

Никола освен копирање на фрескосликарство има работено и на нов фрескоживопис во повеќе цркви:

  • Соборен храм „Св. Климент Охридски“, Скопје (долна зона и олтарската апсида) и фреската „Успение на Богородица“ на западниот ѕид
  • Црквата „Св. Кирил и Методиј“, Гетеборг, Шведска
  • Црквата „Св. Кирил и Методиј“, с. Стајковци, Скопје (олтар)
  • Црквата „Св. Наум Охридски“, Попова Шапка, Тетово
  • Иконостасот во Црквата „Св. Димитрије“, с. Теарце, Тетово (и дел од куполата)
  • Црквата „Св. Богородица“, Тетово (куполата).

Иконопис

уреди
 

Никола Цонев, освен што работел на копии на фрески и нов фрескопис, има иконописано и доста иконостаси во нашите православни цркви:

  • Иконостасот во црквата „Св. Наум Охридски“, Попова Шапка, Тетово, кој го имаат работено заедно со сликарот конзерватор Спасе Спировски
  • Иконостасот во црквата „Св. Наум“, с. Чанаклија, Струмица заедно со Фросина Цонева
  • Иконостасот во црквата „Св. Илија“, Струмица
  • Иконостасот во црквата „Св. Димитрија“, с. Теарце, Тетово
  • Иконостасот во црквата „Св. Никола“, с. Глувово, Скопско
  • Иконостасот во црквата „Св. Раѓање на Богородица“, Скопје
  • Иконостасот во црквата „Св. Климент Охридски“, Штип и иконостасот во црквата „Св. Петка“.

Освен иконостасите, има изработено повеќе од 1000 икони за поединци, верници, за домашни слави или ги подарувал за здравје во православните храмови. Иконите што ги има работено Никола Цонев се наоѓаат секаде низ светов: за претседателот на Олимпискиот комитет, Антонио Самаранч, Лозана, за германскиот канцелар Хелмуд Кол, за министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров, за двајца претставници на Стејт департменот на Америка, за индискиот духовен водич Саи Баба, за потребите на резиденцијата на владиката господин господин Стефан и за многу други познати личности, како и за повеќе цркви.

Изложби

уреди

Никола учествувал во реализација на повеќе изложби што ги има реализирано Музејот на Македонија, како графикони, карти, легенди, во аранжирање на идејни решенија за повеќе плакати и корици за каталози и друго.

  • Средновековно сликарство во Македонија од IX – XIV бек. 1976 г.
  • Средновековни фрески во Загреб – Ватрослав Лисински, 1978 г.
  • Средновековни фрески, Уметничка галерија, Куманово, 1984 г.
  • Средновековни фрески, галерија „Лапиња“, Рим, 1985 г.
  • Средновековни фрески во галерија „Моша Пијаде“, Битола, 1985 г.
  • Постојана музејска поставка, средновековна уметности
  • Изложба „Лепенски Вир“, Р. Србија,
  • Изложба во село горно Врановце, Велес
  • Изложба во Кочани „Моробиздон“
  • Изложба од трезорот на московски „Кремљ“.
  • Изложба на теракотните икони од Виница во Рим
  • Изложба на средновековно фреско-сликарство во културен центар на Македонија во Њујорк, 2005 г.
  • Изложба на копии, фрески и икони во Краков, Полска, 2000 г.

И други камерни изложби во културните домови низ Македонија.

Проекти

уреди

Никола има вршено документација за иконите што се конзервираат, како и средување на документацијата на теренските истражувања во проектот „Ктиторски портрети и натписи“. Раководител на проектот е Загорка Расокловска Николовска. На проектот работел од исцртување на ктиторски композиции, архитектонско снимање на црквите (основа, надолжен и попречен пресек), вадење калкови од натписите и фотографирање на живописот и архитектурата на црквите. Во период од шест години има документирано 99 цркви и тоа: 45 цртежи на ктиторски композиции, 15 цртежи од живопис, 42 распореди на фрески, 217 натписи со различни димензии, 72 основи и пресеци, 44 ктиторски натписи. На проектот има работено и како фотограф, кој има фотографирано преку 500 негативи. Целата документација од проектот „Ктиторски натписи и портрети” може да се најде во Музејот на Македонија.

Публикации: Цртежи, натписи и фотографии

уреди

- Иконостас, Карпински манастир, Загорка Расолкоска-Николовска, Zbornik Likovne Umetnosti, 16 Novi Sad, 1980

- Liconostasedu Manastere de Karpino, Загорка Расолкоска-Николовска, Athenes 1981

- Портретот на Св. Климент Охридски од Матка, Загорка Расолкоска-Николовска, Ликовна уметност, 8-8, Скопје, 1983

- Топлички манастир во светлината на нови истражувања, Загорка Расолкоска-Николовска, Материјали од научен собир МАНУ, 1989 г.

- Црква Св. Никола, с. Крупиште, З. Н. Расолковска, Зборник на археолошки Музеј, 1978 г.

- Натписи и записи од црквата Св. Богодродица, с. Зрзе, Загорка Расолкоска-Николовска, Споменици за средновековната и поновата историја на Македонија, T.IV, Скопје, 1981 г.

- О ктиторским портретима у цркви св. Богородице у Кучевишту, Загорка Расолкоска-Николовска, Зоограф 16, Београд, 1985 г.

- О владарским портретима у Љуботену и времену настанка зидне декорације, Загорка Расолкоска-Николовска, Зоограф 17, Београд, 1986 г.

- Чудо о кривоклетнику из Леснова, Смилка Габелиќ, Зоограф 17, Београд.

- Историски портрети у полошком (I), Цветан Грозданов и Димитар Ќорнаков, Зограф, Београд.

- Историски портрети (II), Цветан Грозданов и Димитар Ќорнаков, Зограф, Београд.

- Портрети на Цветители од Македонија IX-XVIII ВЕК Цветан Грозданов и Димитар Ќорнаков, Скопје, 1983 г.

- Средновековната уметност во Македонија, Загорка Расолкоска-Николовска, центар за културно и духовно наследство Каламус, Скопје, 2004 г.

Признанија

уреди

Никола Цонев во 1985 г. има добиено плакета од областа на културното наследство доделено од здружението на конзерватори на Југославија - Откупна награда на Млади современи уметници, 1974 г.