Д-р Никола Николов (23 јуни 1929 во Ваташа — во Ниш, Србија) — македонски доктор - дерматовенеролог.[1]

Животопис

уреди

Основно образование завршил во Кавадарци во 1944 година, а по војната бил еден од првата генерација на ученици во гимназијата во Кавадарци во која наставата се изведувала на мајчин македонски јазик. Во 1948 година се запишал на Медицинскиот факултет во Скопје на кој дипломирал на 30 април 1955 година. По завршување на студиите се вработил во Клиниката за кожно-венерични болести во Скопје, а специјализирал дерматовенерологија. Специјализацијата ја завршил во 1958 година, а на Клиниката останал до 1960 година. На почетокот на 1961 година се вработил во Воената болница во Ниш како специјалист дерматовенеролог. На ова работно место останал до пензионирањето во 1994 година. Починал во Ниш.[1]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Камчевски, Петре (2012). Ваташа. Кавадарци: Музеј-Галерија Кавадарци. стр. 424. ISBN 978-608-4621-04-1.