Примери
Ние сме одличен тим.

Ние е лична заменка за прво лице множина во македонскиот јазик. Оваа лична заменка се користи да се означиме себеси како група, односно повеќе од едно лице вклучувајќи го и лицето кое зборува[1].

Лични заменки

уреди

Личната заменка „ние“ се користи како подмет во реченицата, односно да се означат лицата кои го врши дејството и лицата за кого се однесува нешто. Останатите форми за првото лице множина може да се видат во следнава табела, која патем ги наведува сите лични заменки во македонскиот јазик:

Лични заменки
број лице подмет присвојна заменка
и придавка
директен предмет индиректен предмет
без предлози со предлози
долга кратка долга кратка

присвојна

еднина I јас мој/ моја/ мое/ мои мене ме мене ми мене
II ти твој/ твоја/ твое/ твои тебе те тебе ти тебе
III м.р. тој негов/ негова/ негово/ негови него го нему му него
ж.р. таа нејзин/ нејзина/ нејзино/ нејзини неа ја нејзе ѝ неа
с.р. тоа негов/ негова/ негово/ негови него го нему му него
множина I ние наш/ наша/ наше/ наши нас нè нам ни нас
II вие ваш/ ваша/ ваше/ ваши вас ве вам ви вас
III тие нивен/ нивна/ нивно/ нивни нив ги ним им нив


Потекло

уреди

Старословенската форма еквивалентна на македонската „ние“ е '  '. Така, оваа македонска лична заменка не е сосема иста со останатите заменки за прво лице множина на останатите словенски јазици, спореди: my на словачки, лужичкосрпски, чешки и полски, mi на словенечки, српски, хрватски, босански и црногорски, ние на бугарски, мы на руски и белоруски и ми на украински.[2]

Македонската заменка „ние“ настанала од старословенската   , но во македонскиот 'м' била заменета со 'н' поради тоа што имало наслон на создавање множинска форма со 'н-'. Потсилувањето на старата едносложна заменска морфема била извршена со додадање на гласот 'е', сè со цел да се закрепи нивната изразеност.[3]

Употреба

уреди

Оваа лична заменка се користи да се означиме себеси, односно повеќе од едно лице вклучувајќи го и лицето кое зборува. Во некои македонски дијалекти се користи и формата „мие“.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Речник на македонскиот јазик: ние на makedonski.gov.mk
  2. Лични заменки во словенските јазици, на англиски.
  3. Конески, Блаже (1967), Историја на македонскиот јазик, Скопје, стр. 144