Вие
Примери |
---|
|
Вие е лична заменка за второ лице множина во македонскиот јазик. Оваа лична заменка се користи да се означи група луѓе, која не го опфаќа говорникот[1]. Заменката „вие“ се користи и за персирање, односно учтиво општење со одредена личност и секогаш се пишува со голема буква во ваков контекст.
Лични заменки
уредиЛичната заменка „вие“ се користи како подмет во реченицата, односно да се означат лицата кои го врши дејството и лицата за кого се однесува нешто. Останатите форми за второ лице множина може да се видат во следнава табела, која патем ги наведува сите лични заменки во македонскиот јазик:
Лични заменки | |||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
број | лице | подмет | присвојна заменка и придавка |
директен предмет | индиректен предмет | ||||
без предлози | со предлози | ||||||||
долга | кратка | долга | кратка
присвојна | ||||||
еднина | I | јас | мој/ моја/ мое/ мои | мене | ме | мене | ми | мене | |
II | ти | твој/ твоја/ твое/ твои | тебе | те | тебе | ти | тебе | ||
III | м.р. | тој | негов/ негова/ негово/ негови | него | го | нему | му | него | |
ж.р. | таа | нејзин/ нејзина/ нејзино/ нејзини | неа | ја | нејзе | ѝ | неа | ||
с.р. | тоа | негов/ негова/ негово/ негови | него | го | нему | му | него | ||
множина | I | ние | наш/ наша/ наше/ наши | нас | нè | нам | ни | нас | |
II | вие | ваш/ ваша/ ваше/ ваши | вас | ве | вам | ви | вас | ||
III | тие | нивен/ нивна/ нивно/ нивни | нив | ги | ним | им | нив |
Потекло
уредиСтарословенската форма еквивалентна на македонската „вие“ е ' '. Така, оваа македонска лична заменка е слична со останатите заменки за второ лице множина на останатите словенски јазици, спореди: vy на словачки и чешки, wy на полски и лужичкосрпски, vi на словенечки, српски, хрватски, босански и црногорски, вие на бугарски, вы на руски и белоруски и ви на украински.[2]
Македонската заменка „вие“ настанала од старословенската . Потсилувањето на старата едносложна заменска морфема била извршена со додадање на гласот 'е', сè со цел да се закрепи нивната изразеност.[3]
Употреба
уредиОваа лична заменка се користи да се означиме себеси како група, односно повеќе од едно лице без лицето кое зборува.
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Речник на македонскиот јазик: вие на makedonski.gov.mk
- ↑ Лични заменки во словенските јазици, на англиски.
- ↑ Конески, Блаже (1967), Историја на македонскиот јазик, Скопје, стр. 144
Оваа статија за македонскиот јазик е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |