Неолиберализам
Неолиберализам ― термин од крајот на 20 век кој го означува повторното појавување на политичката идеологија од 19 век поврзана со слободниот пазар на капитализмот, откако таа идеологија речиси се изгубила по Втората светска војна.[1] :7[2] Главен фактор во подемот на неолиберализмот се конзервативните и слободарските организации, политичките партии и аналитичките центри,[3][4] кои претежно се залагаат за политика на економска либерализација, како приватизација, дерегулација, глобализација, слободна трговија, монетаризам, штедење и намалување на трошењето на државата со цел да се зголеми улогата на приватниот сектор во економијата и општеството. Основните одлики на неолиберализмот во научната мислат и во практика биле предмет на научна дебата.[5][6]
Како економска филозофија, неолиберализмот се појавил меѓу европските либерални научници во 1930-тите додека тие се обидоа да ги оживеат и обноват централните идеи од класичниот либерализам откако виделе дека по Големата депресија овие идеи ја губат популарноста за сметка на желбата да се контролираат пазарите, што се манифестирало во политика дизајнирана да се спречи нестабилноста на слободните пазари.[7] :14–15 Одредувањето на политика за ублажување на нестабилноста на слободниот пазар била делумно поттикната од намерата да не се повтори економски пад како тој од раните 1930-ти, пад кој понекогаш се припишува исклучиво на економската политика на класичниот либерализам. Како политика, неолиберализмот се однесува променетиот економски модел кој следел по неуспехот на кејнзијанскиот консензус во економијата, а со цел да се справи со стагфлацијата од 1970-тите.[8][9] Распадот на Советскиот Сојуз и крајот на Студената војна, исто така, овозможиле неолиберализмот да надвладее во САД и ширум светот.[10] [11]
Терминот неолиберализам во земјите од англиско говорно подрачје се појавил на почетокот од 20 век, но со различни дефиниции за тоа што всушност означува.[12] Терминот се повеќе се популаризирал во 1960-тите, 1970-тите и 1980-тите, и го користеле научници од најразлични дисциплини од општествените науки [13][14][15] како и од критичари [16][17][18] за да ја опишат трансформацијата на општеството во последните децении поради пазарните реформи. Терминот ретко се користи од поборниците на политиката за слободен пазар.[19] Некои научници ја отфрлаат идејата дека неолиберализмот е монолитна идеологија и сметаат дека терминот значи различно нешто за различни луѓе, затоа што неолиберализмот „мутирал“ во повеќе, геополитички различни хибриди додека се проширувал низ светот.[20][21][22] Неолиберализмот има многу заеднички особености со други концепти со спорна дефиниција, како на пример претставничката демократија.[23]
Откако терминот влегол во општа употреба во 1980-тите во врска со економските реформи на Аугусто Пиноче во Чиле, нему веднаш му била дадена негативна конотација и бил претежно употребуван од критичарите на пазарните реформи и лесе-фер капитализмот. Неолиберализмот најчесто се поврзува со економиската теорија застапувана од членовите на друштвото Монт Пелерин, како економистите Фридрих Хајек, Милтон Фридман, Лудвиг фон Мизес и Џејмс М. Бјукенан, и политичарите Маргарет Тачер, Роналд Реган и Алан Гринспен.[24][25] [10] Од 1994 година, по основањето на НАФТА и по реакцијата на Запатистите за негов развој во Чијапас, терминот неолиберализам почнал да се употребува ширум светот. Изучувањето на феноменот на неолиберализмот расте во последните неколку децении.[14][15]
Наводи
уреди- ↑ Haymes, Stephen; Vidal de Haymes, Maria; Miller, Reuben, уред. (2015). The Routledge Handbook of Poverty in the United States. London: Routledge. ISBN 978-0415673440.
- ↑ Bloom, Peter (2017). The Ethics of Neoliberalism: The Business of Making Capitalism Moral. Routledge. стр. 3, 16. ISBN 978-1138667242.
- ↑ Haas, Eric (2011). „The News Media and the Conservative Heritage Foundation“. Во Hill, Dave; Kumar, Ravi (уред.). Global Neoliberalism and Education and its Consequences. Routledge. стр. 172–175. ISBN 978-0415507110.
- ↑ Hickel, Jason (2016). „Neoliberalism and the End of Democracy“. Во Springer, Simon; Birch, Kean; MacLeavy, Julie (уред.). The Handbook of Neoliberalism. Routledge. стр. 144. ISBN 978-1138844001 – преку Google Books.
The Reagan and Thatcher administrations eventually came to power on platforms that promised to enhance individual freedoms by liberating capitalism from the 'shackles' of the state - reducing taxes on the rich, cutting state spending, privatising utilities, deregulating financial markets, and curbing the power of unions. After Reagan and Thatcher, these policies were carried forward by putatively progressive "Third Way" administrations such as Clinton in the United States and Blair in the UK, thus sealing the new economic consensus across party lines.
- ↑ Празен навод (help)
- ↑ Boas, Taylor C.; Gans-Morse, Jordan (2009). „Neoliberalism: From New Liberal Philosophy to Anti-Liberal Slogan“. Studies in Comparative International Development. 44 (2): 137–161. doi:10.1007/s12116-009-9040-5.
- ↑ Mirowski, Philip; Plehwe, Dieter (2009). The road from Mont Pèlerin: the making of the neoliberal thought collective. Harvard University Press. ISBN 978-0-674-03318-4.
- ↑ Palley, Thomas I. (May 5, 2004). „From Keynesianism to Neoliberalism: Shifting Paradigms in Economics“. Foreign Policy in Focus. Посетено на March 25, 2017.
- ↑ Vincent, Andrew (2009). Modern Political Ideologies. Hoboken, New Jersey: Wiley-Blackwell. стр. 339. ISBN 978-1405154956 – преку Google Books.
- ↑ 10,0 10,1 Gerstle 2022.
- ↑ Bartel 2022.
- ↑ „Neoliberalism“, Oxford English Dictionary (3rd. изд.), Oxford University Press, September 2005 Invalid
|mode=CS1
(help) (бара Претплата или членство во британска јавна библиотека .) - ↑ Boas, Taylor C.; Gans-Morse, Jordan (June 2009). „Neoliberalism: From New Liberal Philosophy to Anti-Liberal Slogan“ (PDF). Studies in Comparative International Development. 44 (2): 137–61. doi:10.1007/s12116-009-9040-5.
Neoliberalism has rapidly become an academic catchphrase. From only a handful of mentions in the 1980s, use of the term has exploded during the past two decades, appearing in nearly 1,000 academic articles annually between 2002 and 2005. Neoliberalism is now a predominant concept in scholarly writing on development and political economy, far outpacing related terms such as monetarism, neoconservatism, the Washington Consensus, and even market reform.
- ↑ 14,0 14,1 Springer, Simon; Birch, Kean; MacLeavy, Julie, уред. (2016). The Handbook of Neoliberalism. Routledge. стр. 1. ISBN 978-1138844001.
Neoliberalism is easily one of the most powerful concepts to emerge within the social sciences in the last two decades, and the number of scholars who write about this dynamic and unfolding process of socio-spatial transformation is astonishing.
- ↑ 15,0 15,1 Wilson, Julie (2017). Neoliberalism. Routledge. стр. 6. ISBN 978-1138654631.
In recent decades, neoliberalism has become an important area of study across the humanities and social sciences.
- ↑ Castree, Noel (2013). A Dictionary of Human Geography. Oxford University Press. стр. 339. ISBN 9780199599868 – преку Google Books.
'Neoliberalism' is very much a critics' term: it is virtually never used by those whom the critics describe as neoliberals.
- ↑ Stedman Jones (2014) ; "Friedman and Hayek are identified as the original thinkers and Thatcher and Reagan as the archetypal politicians of Western neoliberalism. Neoliberalism here has a pejorative connotation".
- ↑ Hartwich, Oliver Marc (2009). „Neoliberalism: The genesis of a political swearword“ (PDF). CIS Occasional Paper 114. Архивирано од изворникот (PDF) на 2020-10-24.
People rarely call themselves "neoliberal"
- ↑ Празен навод (help)
- ↑ Callison, William; Manfredi, Zachary, уред. (2019). Mutant Neoliberalism: Market Rule and Political Rupture. Fordham University Press. стр. 3. ISBN 978-0823285709.
- ↑ Springer, Simon; Birch, Kean; MacLeavy, Julie, уред. (2016). The Handbook of Neoliberalism. Routledge. стр. 1. ISBN 978-1138844001.
Neoliberalism is a slippery concept, meaning different things to different people. Scholars have examined the relationships between neoliberalism and a vast array of conceptual categories.
- ↑ „Student heaps abuse on professor in 'neoliberalism' row“. The Times (англиски). Посетено на January 25, 2017.
Colin Talbot, a professor at Manchester University, recently wrote it was such a broad term as to be meaningless and few people ever admitted to being neoliberals
- ↑ Boas, Taylor C.; Gans-Morse, Jordan (June 2009). „Neoliberalism: From New Liberal Philosophy to Anti-Liberal Slogan“. Studies in Comparative International Development. 44 (2): 137–61. doi:10.1007/s12116-009-9040-5.
Neoliberalism shares many attributes with "essentially contested" concepts such as democracy, whose multidimensional nature, strong normative connotations, and openness to modification over time tend to generate substantial debate over their meaning and proper application.
- ↑ Boas, Taylor C.; Gans-Morse, Jordan (June 2009). „Neoliberalism: From New Liberal Philosophy to Anti-Liberal Slogan“. Studies in Comparative International Development. 44 (2): 137–61. doi:10.1007/s12116-009-9040-5.
- ↑ Springer, Simon; Birch, Kean; MacLeavy, Julie, уред. (2016). The Handbook of Neoliberalism. Routledge. стр. 3. ISBN 978-1138844001.
Библиографија
уреди- Stedman Jones, Daniel (July 21, 2014). Masters of the Universe: Hayek, Friedman, and the Birth of Neoliberal Politics. Princeton University Press. ISBN 978-1-4008-5183-6.