Класичен либерализам

Класичниот либерализам е политичка идеологија и гранка на либерализмот која се залага за слободен пазар и лесе-фер економија; граѓански слободи со владеење на правото со посебен акцент на поединечна автономија, ограничена влада, економска слобода, политичка слобода и слобода на говор. Целосен процут доживеал на почетокот од 18 век, а концептот бил изграден врз идеологија која потекнува најмалку од 13 век во смисла на иберискиот, англосаксонскиот и средноевропскиот контекст и бил темелник на Американската револуција и пошироко на „Американскиот проект“.[1] [2] [3]

Меѓу луѓето чии идеи влијаеле на класичниот либерализам се Џон Лок,[4] Жан-Батист Сеј, Томас Малтус и Дејвид Рикардо. Класичниот либерализам се потпирал на класичната економија, претежно на економската идеологија која ја застапува Адам Смит во Првата книга од Богатството на народите и на верувањето во природен закон,[5] напредок, [6] и утилитаризам.[7] Во поново време, Фридрих Хајек, Милтон Фридман, Лудвиг фон Мизес, Томас Совел, Џорџ Стиглер и Лари Арнхарт се сметаат за најистакнати застапници на класичниот либерализам.[8][9]

Класичниот либерализам, за разлика од другите гранки на либерализмот, како на пример социјалниот либерализам, негативно гледа на социјалната политика, оданочувањето и вклученоста на државата во животот на поединците, и се залага за дерегулација.[10] До Големата депресија и подемот на социјалниот либерализам, класичниот либерализам бил познат под името економски либерализам. Како поим, класичниот либерализам се користи како ретроним за да се разграничи претходниот либерализам од 19 век од социјалниот либерализам.[11] Според денешните стандарди, во САД под прост либерализам често се подразбира социјален либерализам, но во Европа и Австралија, простиот либерализам често се поистоветува со класичен либерализам.[12][13]

Во Соединетите Држави, класичниот либерализам може да се опише како „фискално конзервативен“ и „социјално либерален“. И покрај овој контекст, класичниот либерализам поради централниот принцип на индивидуализам на класичниот либерализам ја отфрла зголемената толеранција на конзервативизмот за протекционизам и склоноста на социјалниот либерализам за колективни групни права.[14] Класичниот либерализам исто така се смета дека е тесно поврзан со десничарскиот либертаризам во САД.[15] Во Европа, либерализмот, без разлика дали е социјален (особено радикален) или конзервативен, сам по себе е класичен либерализам, така што терминот класичен либерализам претежно се однесува на централно-десничарскиот економски либерализам.[16]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Douma, Michael. (2018). What is Classical Liberal History?. ISBN 978-1-4985-3610-3.
  2. Dickerson, Flanagan & O'Neill.
  3. Renshaw, Catherine (2014-03-18). „What is a 'classical liberal' approach to human rights?“. The Conversation (англиски). Посетено на 2022-08-12.
  4. Steven M. Dworetz (1994). The Unvarnished Doctrine: Locke, Liberalism, and the American Revolution.
  5. Appleby, Joyce (1992). Liberalism and Republicanism in the Historical Imagination. Harvard University Press. стр. 58. ISBN 978-0674530133.
  6. Hunt.
  7. Gaus, Gerald F.; Kukathas, Chandran (2004). Handbook of Political Theory. Sage. стр. 422. ISBN 978-0761967873.
  8. Dilley, Stephen C. (2013-05-02). Darwinian Evolution and Classical Liberalism: Theories in Tension (англиски). Lexington Books. стр. 13–14. ISBN 978-0-7391-8107-2.
  9. Peters, Michael A. (2022-04-16). „Hayek as classical liberal public intellectual: Neoliberalism, the privatization of public discourse and the future of democracy“. Educational Philosophy and Theory (англиски). 54 (5): 443–449. doi:10.1080/00131857.2019.1696303. ISSN 0013-1857.
  10. M. O. Dickerson et al., An Introduction to Government and Politics: A Conceptual Approach (2009) p. 129
  11. Richardson.
  12. Goldfarb, Michael (2010-07-20). „Liberal? Are we talking about the same thing?“. BBC News (англиски). Посетено на 2020-08-06.
  13. Greenberg, David (September 12, 2019). „The danger of confusing liberals and leftists“. Washington Post (англиски). Посетено на 2020-08-06.
  14. Goodman, John C. „Classical Liberalism vs. Modern Liberalism and Modern Conservatism“. Goodman Institute. Посетено на 2 January 2022.
  15. Klein, Daniel B. (2017-05-03). „Libertarianism and Classical Liberalism: A Short Introduction | Daniel B. Klein“. fee.org (англиски). Посетено на 2022-03-08.
  16. „Content“. Parties and Elections in Europe. 2020.