Немања Илиќ
Немања Илиќ (11 мај 1990) е српски ракометар на Феникс Тулуз и репрезентацијата на Србија.
Клупска кариера
уредиОткако поминал низ младинските категории на Партизан, Илиќ поминал две сезони на позајмица во Раднички Крагуевац. Тој се вратил во својот матичен клуб во 2010 година[1][2] и му помогнал на тимот да освои две последователни национални првенства (2011 и 2012 година). Во 2013 година, Илиќ се преселил во странство и потпишал со францускиот тим Феникс Тулуз. Бил позајмен во Барселона на почетокот на 2019 година, на местото на повредениот Каспер Улрих Мортенсен до крајот на сезоната.
Репрезентативна кариера
уредиСрпски интернационалец од 2012 година.[3] Илиќ учествувал на две Светски првенства (2013 и 2019 година) и на три Европски првенства (2014, 2018 и 2020 годин).
Приватен живот
уредиИлиќ е постар брат на неговиот соиграч од репрезентацијата Вања Илиќ.[4]
Трофеи
уреди- Партизан
- Српска ракометна супер лига : 2010–11, 2011–12
- Српски ракометен куп : 2011–12, 2012–13
- Српски ракометен Суперкуп: 2011, 2012 година
- Барселона
- Лига АСОБАЛ : 2018–19
Наводи
уреди- рекорд на LNH Архивирано на 18 април 2021 г.
- Nemanja Ilić
- ↑ „Predstavljena nova lica crno-belih“ (српски). rkpartizan.rs. 10 August 2010. Посетено на 19 October 2020.[мртва врска]
- ↑ „RK Partizan predstavio pojačanja“ (српски). b92.net. 11 August 2010. Посетено на 19 October 2020.
- ↑ „Vuković objavio spisak rukometaša za kvalifikacije za Evropsko prvenstvo“ (српски). blic.rs. 19 October 2012. Посетено на 26 June 2020.
- ↑ „Partizanova braća sanjaju Rio“ (српски). novosti.rs. 29 April 2013. Посетено на 26 June 2020.