На Брег (Младо Нагоричане)
„На Брег“
| |
Местоположба | 42°10′13″N 21°48′6″E / 42.17028° СГШ; 21.80167° ИГД |
Основни податоци | |
---|---|
Место | Младо Нагоричане |
Општина | Старо Нагоричане |
Тип |
|
Период | неолитско време |
Портал „Археологија“ |
На Брег — археолошко наоѓалиште крај кумановското село Младо Нагоричане. Претставува населба од неолитско време. Се наоѓа на 16 км од Куманово, пред мостот на реката Пчиња. Теренот претставува широка тераса што се издига на левата страна од коритото на реката, која со современиот асфалтен пат е поделена на две половини. Во 1986 година Музејот на Македонија од Скопје извршил сондажно ископување при што се пронајдени остатоци од двослојна населба од средниот неолит. Постариот слој го карактеризираат монохромна сјајна керамика со црвена боја, сликана керамика со кафеава боја на црвена основа (пехари, амфори), садови со топчести облици и чинии со импресо-орнаменти. Што се однесува до помладиот слој, керамиката ги задржува истите облици и начин на украсување, со таа разлика што доминираат садовите со сива боја и биконусна профилација. Нему му припаѓаат и неколку фрагментирани жртвеници од типот „ масички “ со мал кружен или четвртест реципиент. Остатоците од архитектура во двата слоја, односно хоризонта на живеење, се сосема мали. Резултатите од ова истражување го потврдуваат мислењето за постоење на остатоци од поголема населба што хронолошки и културно се вклопува во анзабегово-вршничката културна група, и тоа во фазите II-III. Наодите се чуваат во Музејот во Куманово.[1]
Поврзано
уреди- Среѓеница — средновековна населба и некропола;
- Грамада — некропола од римското време;
- Јумерово — вила рустика од римското време;
- Костоперска Карпа - Жеглиговски камен — Повеќеслојна населба;
- На Брег — населба од неолитското време;
- Поканци - Селце — средновековна населба;
- Ќурчиска Карпа — населба од праисториското време до средниот век;
- Шантанов Камен — средновековна населба;
- Младо Нагоричане;
- Список на археолошки наоѓалишта во Кумановско;
Наводи
уреди- ↑ Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. стр. 214, Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
Оваа статија поврзана со археологијата на Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |