Ќурчиска Карпа (Младо Нагоричане)

археолошко наоѓалиште во Македонија
Ќурчиска Карпа

Карта

Местоположба 42°10′13″N 21°48′6″E / 42.17028° СГШ; 21.80167° ИГД / 42.17028; 21.80167
Основни податоци
Место Младо Нагоричане
Општина Старо Нагоричане
Тип

 населба


Период праисторија
среден век
Портал „Археологија“

Ќурчиска Карпа археолошко наоѓалиште крај кумановското село Младо Нагоричане. Претставува населба од праисторија и од среден век. На околу 500 м јужно од патот Куманово - Крива Паланка, сметано од селските гробишта, се издига импозантна базалтна карпа, со плато издолжено кон исток. На површината се сре ќаваат многубројни фрагменти од керамички садови со различна временска и културна провиниенција, од праисторијата до средниот век. Населбата влегува во комплексот на наоѓалиштето Костоперска Карпа.[1]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. стр. 214, Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069