Наталиева рамонда

Наталиева рамонда
Научна класификација
Царство: Растенија
Нерангирано: Скриеносеменици
Нерангирано: Евдикоти
Нерангирано: Астериди
Ред: Усноцветовидни
Семејство: Gesneriaceae
Род: Рамонда
Вид: R. nathaliae
Научен назив
Ramonda nathaliae
Панчиќ & Петровиќ
Синоними[1]
  • Chaixia nathaliae (Pančić & Petrovič ) O.Schwarz

Наталиева рамонда (науч. Ramonda nathaliae) — терцијарен флористички реликт од тропската фамилија Gesneriaceae. Може да се сретне во Јужна Србија, Македонија и Северна Грција. Во Македонија се развива во клисурите на реката Вардар и притоките Треска, Пчиња, Тополка, Бабуна, Црна Река, што припаѓаат на егејскиот слив, како и на планините Скопска Црна Гора, Јакупица, Ниџе, Добра Вода и други. Се наоѓа на светската црвена список на загрозени растенија (IUCN 1997 Red List of Threatened Plants). Оваа билка е откриена во 1884 година во околината на Ниш од страна на д-р Сава Петровиќ, дворски лекар на кралот Милан Обреновиќ. Заедно со Јосиф Панчиќ ја опишал оваа врста и и го дал името по Наталија Обреновиќ.[2] Наталиевата рамонда се користи како ликовно решениее за амблемот кој се носи во седмицата пред Денот на примирјето во Првата свестка војна, 11 ноември и на самиот ден на празникот во Србија.[3][4]

Наводи

уреди
  1. The Plant List: A Working List of All Plant Species, Посетено на 3 October 2015
  2. Чланак о -{Ramonda serbica}- у Блицу (28.03.2010), Посетено на 14. 4. 2013.
  3. Председништво: Дан примирја обележити видљиво и упечатљиво („Политика“, 8. новембар 2012), Посетено на 14. 4. 2013.
  4. Наталијина рамонда у част победе („Вечерње новости“, 7. новембар 2012), Посетено на 14. 4. 2013.

Надворешни врски

уреди