Народноослободителен баталјон „Стив Наумов“

Народноослободителен баталјон „Стив Наумов“ (позната и како Овчаров баталјон)— воена единицица на НОВ и ПОМ[1]. Бил формиран во околината на Лерин на 11.ХI.1943 од делови на Битолскиот НОПО „Гоце Делчев“ и Преспанско-битолскиот НОПО „Даме Груев“ и веднаш водел борби со бугарските гранични единици во Преспанско, а потоа на 4.XII.1943 преминал во Дебрца каде што ѝ се приклучил на Првата македонско-косовска НОУ бригада во походот кон Меглен како нејзин петти баталјон[1].

Народноослободителен баталјон „Стив Наумов“
Народноослободителниот баталјон „Стив Наумов“ во поход
Активна11 ноември 1943 - крајот на август 1944
БиткиНОБ
Борци од баталјонот „Стив Наумов“

При реорганизација на воените единици во јануари 1944 заедно со Бугарскиот НО баталјон „Христо Ботев“ влегол во Групата баталјони на ГШ на НОВ и ПОМ и заедно со Првата македонско-косовска НОУ бригада и Втората македонска народно-ослободителна бригада водел борби во Мрежичко и на подрачјето на Меглен, на планините Кожуф и Пајак против германските и бугарските сили, кои ја обезбедувале комуникацијата Скопје - Солун, сè до крајот на јануари 1944 година[1]. Потоа групата баталјони водела борби кај с.Конско во Гевгелиско, Мегленско и потоа зеле учество во Февруарскиот поход од 31.I. до 25 февруари 1944 година[1]. Подоцна, од крајот на февруари до крајот на август 1944, баталјонот дејствувал во составот на Третата македонска НО бригада, а потоа во составот на Седмата македонска НО ударна бригада[1].

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 Младеновски, Симо (2009). „Народноослободителен баталјон „Страшо Пинџур"“. Во Блаже Ристовски (уред.). Македонска енциклопедија. 2. Скопје: МАНУ. стр. 1017. ISBN 978-608-203-024-1 (2) Проверете ја вредноста |isbn=: invalid character (help).CS1-одржување: користи параметар editors (link)