Народноослободителен баталјон „Стив Наумов“

Народноослободителен баталјон „Стив Наумов“ (позната и како Овчаров баталјон)— воена единицица на НОВ и ПОМ[1]. Бил формиран во околината на Лерин на 11.ХI.1943 од делови на Битолскиот НОПО „Гоце Делчев“ и Преспанско-битолскиот НОПО „Даме Груев“ и веднаш водел борби со бугарските гранични единици во Преспанско, а потоа на 4.XII.1943 преминал во Дебрца каде што ѝ се приклучил на Првата македонско-косовска НОУ бригада во походот кон Меглен како нејзин петти баталјон[1].

Народноослободителен баталјон „Стив Наумов“
Партизански Баталјон „Стив Наумов“.jpg
Народноослободителниот баталјон „Стив Наумов“ во поход
Активна11 ноември 1943 - крајот на август 1944
БиткиНОБ
Борци од батаљонот „Стив Наумов“

При реорганизација на воените единици во јануари 1944 заедно со Бугарскиот НО баталјон „Христо Ботев“ влегол во Групата баталјони на ГШ на НОВ и ПОМ и заедно со Првата македонско-косовска НОУ бригада и Втората македонска народно-ослободителна бригада водел борби во Мрежичко и на подрачјето на Меглен, на планините Кожуф и Пајак против германските и бугарските сили, кои ја обезбедувале комуникацијата Скопје - Солун, сè до крајот на месец јануари 1944 година[1]. Потоа групата баталјони водела борби кај с.Конско во Гевгелиско, Мегленско и потоа зеле учество во Февруарскиот поход од 31.I. до 25 февруари 1944 година[1]. Подоцна, од крајот на февруари до крајот на август 1944, баталјонот дејствувал во составот на Третата македонска НО бригада, а потоа во составот на Седмата македонска НО ударна бригада[1].

НаводиУреди

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 Младеновски, Симо (2009). "Народноослободителен баталјон „Страшо Пинџур“". In Блаже Ристовски. Македонска енциклопедија. 2. Скопје: МАНУ. стр. 1017. ISBN 978-608-203-024-1 (2) Параметарска грешка во {{ISBN}}: Неважечки ISBN..