Мурат Лабуништа
Мурат Лабуништа е офицер на албанската монархија на чело со Ахмед Зогу. Роден е во село Лабуништа.
Историја
уредиЗа време на Втората светска војна станува апсолутен владетел на регионот во Струшко познат како Дримкол, на падините на планината Јабланица, населен со мнозинско македонско население со исламска вероисповед, со центар во село Лабуништа. Бил многу харизматична личност и голем воен стратег. На самиот почеток на војната, се вратил во Лабуништа. Бил член на главната команда на Големоалбанската националистичка организација „Бали Комбетаре“ (Bali Kombetare).
По доаѓањето во Лабуништа, формирал организација, наречена Чувари на правдата (Rrojtare te drejtesires) и имал блиски односи со Германците. Бил заштитник на Албанците за време на војната, но исто така, го заштитувал христијанското население и не им дозволувал на „Албанците“ да се одмаздуваат на христијанското население за злосторствата што ги правела српската војска во ноември 1913 година, кога стрелале шест интелектуалци од Лабуништа, заедно со имамот на местото наречено Краста, а за што постоела желба за освета. Ова го потврдиле и самите живи христијани од тоа време. Партизаните му нуделе командно место на бригадите во Западна Македонија, но тој категорично ги одбивал, бидејќи бил голем противник на комунизмот и до крај останал лојален на албанскиот крал Ахмед Зогу.
Кога партизаните ги зазеле Охрид и Струга на 7-8 ноември 1944, веќе станало јасно дека се ближи крајот на фашистичкита окупација на македонските територии. Меѓутоа, Мурат Лабуништа со војската успеал да се брани дури до 21 ноември водејќи жестоки битки со неколку партизански бригади кои биле пратени во Лабуништа.
Во борбите посебно се истакнала неговата жена која останала да им чува грб, сè додека неговата војска не се повлекла на територијата на Албанија. Само таа покосила десетици комунистички војници и се борела до смрт со партизаните. Поради штетата која им ја нанел на партизаните и многумина злосторства врз македонското христијанско население, бил нарекуван балистички ѕвер.
Бил убиен во 1946 година од страна на албанските партизани, а по наредба на генерал-штабот на НОБ на Југославија на мостот кај селото Шупензи, близу градот Пешкопеја во денешна Албанија.