Морис Кантен де Латур

француски портретист

Морис Кантен де Латур (француски: Maurice Quentin de La Tour; 5 септември 170417 февруари 1788) — француски портретист кој работел во стилот рококо, претежно во пастелна техника. Сликал многу познати личности, меѓу кои Волтер, Жан Жак Русо, Луј XV и Мадам де Помпадур.

Морис Кантен де Латур
Maurice Quentin de La Tour
Автопортрет на Латур околу 1751 г.
Роден(а)5 септември 1704(1704-09-05)
Сен Кантен, Франција
Починал(а)17 февруари 1788(1788-02-17) (возр. 83)
Сен Кантен, Франција
НационалностФранцузин
Познат(а) попастел

Животопис

уреди

Роден е во Сен Кантен како син на музичар кој не му одобрувал стане сликар. На 15-годишна возраст се преселил во Париз, каде учел сликарство кај фламанскиот сликар Жак Спуд. Во 1724 г. отишол во Ремс, а во 1725 г. во Англија. Во 1727 г. се вратил во Париз и го продолжил ликовното образование. По враќањето во Париз почнал да работи со пастели.

Во 1737 г. ја направил првата изложба од вкупно 150 портрети кои станале гордост за Парискиот салон во следните 37 години. Латур се истакнал како врвен потртетист, обдарувајќи ги личностите со посебна драж и интелигенција.

Во 1746 г. е примен во Кралската академија на сликарството и вајарството, а во 1751 г. станува нејзин советник. Во 1750 г. бил назначен за портретист на кралот и останал во служба до 1773 г, кога доживеал нервен слом. Подоцна Латур основал ликовна школа и почнал да се занимава со одбротворни алтивност пред да се повлече во домашен кревет поради душевна болест. На возраст од 80 години се повлекол од работата, враќајќи се во Сен Кантен, каде починал по три години.

Галерија

уреди

Наводи

уреди

Надворешни врски

уреди