Кактуси
семејство растенија
Кактуси | |
---|---|
![]() | |
Разни видови на кактуси | |
Научна класификација | |
Царство: | Растенија |
Нерангирано: | Скриеносеменици |
Ред: | Каранфиловидни |
Семејство: | Кактуси |
Кактуси (науч. Cactaceae) — семејство скриеносеменици, на која припаѓаат околу 1650 видови,[1] кои растат во голем дел на Северна и Јужна Америка, а најразновидни се во Мексико.
ОписУреди
Повеќе видови кактуси растат во суви предели (пустини и полупустини). Тие обично имаат дебела зелјести или дрвенеста стебла кои содржат хлорофил. Лисјето обично се формирани со трње или се многу суви, со што се смалува површината со која растението ја губи водата. Обично имаат тенки, разгранети, плитки корења. Цветовите на кактусот често се крупни и со живописни бои, а обично растат поединечно. Кактусите се одгледуваат како украсни растенија, а разни видови се одгледуваат и како храна.
Кактусите како тема во уметноста и во популарната култураУреди
- „Кактус“ — песна на српскиот поет Васко Попа.[2]
- „Црвениот кактус“ — книга на бразилската писателка Лижија Фагундес Телес.[3]
- „Украдениот кактус“ — расказ на чешкиот писател Карел Чапек.[4]
НаводиУреди
- ↑ Christenhusz, M. J. M. & Byng, J. W. (2016). „The number of known plants species in the world and its annual increase“. Phytotaxa. Magnolia Press. 261 (3): 201–217. doi:10.11646/phytotaxa.261.3.1.
- ↑ Васко Попа, Поезија (избор). Скопје: Култура; Београд: Нолит, 1968, стр. 14.
- ↑ Антoлогија на бразилскиот расказ. Скопје: Три, 2012, стр. 281.
- ↑ Карел Чапек, Раскази од другиот џеб, Темплум, Скопје, 2012.
Надворешни врскиУреди
Кактусарница (македонски)