Euphorbiaceae
Рицинус (Ricinus communis)
Научна класификација
Царство: Plantae
Оддел: Скриеносемени
Класа: Дикотиледони
Ред: Малпигиовидни
Семејство: Млечки
Juss.
Потсемејства
Цијациум од Euphorbia tridentata: b-прицветни листови, i- соцветие, g- нектарни жлезди, ag- додатоци на жлездите, bo- мали прицветни листови (брактеоли), mf- машки цвет, jmf- млад машки цвет, а- антери, pmf- цветна дршка на машкиот цвет, ff- женски цвет, о- плодник, s- разграноци на устенцето, pff- цветна дршка на женскиот цвет.

Млечки (научEuphorbiaceae)[1] — големо семејство на цветни растенија со 300 родови и околу 7.500 видови. Повеќето од претставниците се тревести, но некои (особено оние од тропските предели) можат да бидат и грмушести или дрвенести. Некои се сочнички видови и се многу слични на кактусите.

Ова семејство главно се среќава во тропските региони (најбројни се во Индокина и Малаја, како и во тропска Америка). Постои голема разновидност на видови и во тропска Африка, но тука овие растенија не се толку абундантни како во претходно споменатите региони. Меѓутоа, родот Euphorbia има претставници и во нетропските делови од светот, како на пример во Средоземјето, Блискиот Исток, јужна Африка и јужните делови од САД.

Морфолошки одлики

уреди

Листовите се последователни, ретко наспрамни, со прилисници. Обично се прости, но доколку се сложени, тие се секогаш пересто насечени. Прилисниците може да се редуцирани до влакна, жлезди или боцки, или пак да отсуствуваат (кај сочничките видови).

Радијално симетричните цветови се еднополни, при што машките и женските цветови најчесто се наоѓаат на истото растение. Постои голема разнообразност во градбата на цветовите. Тие може да се еднодомни или дводомни. Бројот на прашниците се движи од 1 до 10 (па и повеќе). Женските цветови се со потцветен плодник.

Родовите во племето Euphorbieae, односно подплемето Euphorbiinae (Euphorbia и нејзините сродници) покажуваат високоспецијализирана градба на цветот од типот на псеуданциум ("лажен цвет" составен од неколку вистински цветови). Овој вид на псеуданциум е познат како цијациум. Тој обично претставува мало чашковидно соцветие кое се состои од споени прицветни листови и периферни нектарни жлезди кои опколуваат прстен од машки цветови, од кои секој претставува по еден прашник. Во средината на цијациумот се наоѓа женскиот цвет составен од еден плоден лист со разгранети устенца. Целиот овој аранжман претставува еден единствен цвет.

Плодот најчесто е шизокарп, а понекогаш костелка. Најтипичен шизокарп е т.н. регма, инкапсулиран плод со три или повеќе клетки, од кои секоја се поделува и се отвора во одделни делови, по што се распукнува експлозивно, раширувајќи ги малите семиња.

Семејството содржи многу разновидни фитотоксини, како што се дитерпенски естери, алкалоиди, гликозиди и токсини од типот на рицинус.

Поважни родови

уреди

Подолу е дадена список на поважните родови од ова семејство според традиционалната класификација. Треба да се има предвид дека одредени родови се сместени во други семејства (како Phyllanthaceae et Putranjivaceae) според филогенетската класификација на растенијата.

Наводи

уреди

Надворешни врски

уреди