Миља (планина)

планина во Гребенско и Јанинско

Миља (Балцес или Какоплеври; (грчки: Κακοπλεύρι или Μπάλτσες или Μπάλτσες) — планина во системот на Пинд, на границата меѓу Гребенско во Егејска Македонија и Јанинско во Епир, Грција.[1]

Миља
Κακοπλεύρι
Миља на карта

Карта

Највисока точка
Надм. вис.2.159 м
Координати39°52′55″N 21°10′48″E / 39.8820° СГШ; 21.1799° ИГД / 39.8820; 21.1799
Географија
МестоГревенско Егејска Македонија и Јанинско, Епир
Карта

Опис

уреди

Планината е дел од венецот Северен Пинд. На запад се двои од венецот Мавровуни со превојот Салатура Миљас (1.730 м), кој е јужниот излез на Ваља Калда и потокот Салатура. На север е одделен од комплексот Пиростија со превој (1.640 м), од каде започнува потокот Кира Кали кој се влева во реката Венетик на исток. Миља е месното име, а Какоплеври е официјалното.[1]

Карпите се сочинети од офиолити и флиш.[1]

Планината е дел од Националниот парк „Пинд“ од 1966 г., како и од Националниот парк „Северен Пинд“ од 2003 г. Дел е од мрежата на заштитени подрачја Натура 2000 (1310002 и 1310003) и е прогласена за место од орнитолошка важност (068).[1]

До врвот се стасува од селото Миља (1.170 м) за околу 4 часа. Европската големодалечинска патека Е6 која оди Мечово - Миља, врви низ Ваља Калда и продолжува за Војуша - Брјаза - Самарина - Жужел. Од Ваља Калда има расклон на патеката кој води за Периволи, Авдела, планинарскиот дом Василица, Самарина и Жужел.[1]

Врвови
Име Грчки Висина (м)
Миља Κακοπλεύρι, Τριγ. Σαλατούρα, Μηλέα, Μηλιά 2.159[1]
Вромопигадо Βρομοπήγαδο 1.976 - 1.820[1]
Косај, Курсари Κουρσάροι, Κοσσάϊ 1.116[1]
Ливади Λιβάδι 2.071[1]
Салатура Папајани, Кордалес Σαλατούρα Παπαγιάννη, Κορδάλες 1.860 - 1.640[1]
Симандро, Латуака Σήμαντρο, Λατουάκα 1.720[1]
Скопја Чука Σκοπιά Τόσκα 1.960[1]
Супотико Рахи Σουποτίκο Ράχη 1.520 - 1.260[1]
Турла Милани, Милини Τούρλα Μιλάνη (ή Μιλίνι 1.533[1]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,00 1,01 1,02 1,03 1,04 1,05 1,06 1,07 1,08 1,09 1,10 1,11 1,12 1,13 Νέζης, Νίκος (2010). Τα ελληνικά βουνά : γεωγραφική εγκυκλοπαίδεια. Τόμος 2. Ηπειρωτική Ελλάδα. Πελοπόννησος - Στερεά Ελλάδα - Θεσσαλία - Ήπειρος - Μακεδονία - Θράκη. Αθήνα: Ελληνική Ομοσπονδία Ορειβασίας Αναρρίχησης : Κληροδότημα Αθ. Λευκαδίτη. стр. 403. ISBN 978-960-86676-6-2.