Мише Андрески
Мише Ќиров Андрески ( 1920 во Белица, Кичевско — 1945 во Шид, Србија) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]
Мише Андрески | ||
Роден | 1920 година Белица, Кичевско, Македонија под окупација на Кралство СХС | |
---|---|---|
Починал | април, 1945 година Шид, Србија | |
Националност | Македонец |
Животопис
уредиПотекнувал од сиромашно земјоделско семејство. Се занимавал со земјоделие, бидејќи не се школувал. Како младинец бил симпатизер на ослободителното движење, а потоа доброволно се приклучил во НОВ на Македонија во пролетта 1944 година и бил распореден во единиците на Првата македонска бригада. Со борците од Бригадата учествувал во борбите за ослободувањето на Охрид, Кичево и другите градови, а потоа во состав на Четириесет и осмата дивизија заминал на Сремскиот фронт, каде што загинал во април 1945 година кај месноста Шид.[1]