Мито Јовески
Мито Трпков Јовески ( 1920 во Јагол, Кичевско — 1 октомври 1943 во Буковиќ (планина), Кичевско) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]
Мито Јовески | ||
Роден | 1920 година Јагол, Кичевско, Македонија под окупација на Кралство СХС | |
---|---|---|
Починал | 1 октомври, 1943 година Буковиќ (планина), Кичевско, Македонија |
Животопис
уредиПотекнувал од селско сиромашно семејство. Уште како млад бил принуден да оди на печалба во Белград и да работи како пекарски работник. Работел сè до окупацијата, а потоа се вратил во своето село каде продолжил со активна работа против фашистичкиот окупатор. Бидејќи бил мобилизиран од окупаторските италијански власти во пролетта 1943 година, се обидел да фати врска со партизаните, но не успеал и во текот на летото избегал од окупаторските редови и се приклучил во Кичевско-мавровскиот партизански одред. Со Одредот учествувал во повеќе акции низ Кичевско. Учествувал и во првото ослободување на Кичево и како храбар борец заминал на Буковиќ во четата на комесарот Мирко Милески како претстража на слободната територија и загинал во борбите со Германците и балистите на 1 октомври 1943 година со својот другар Душан Јовески.[1]