Душан Јовески
Душан Стојмиров Јовески ( 1920 во Јагол, Кичевско — 1 октомври 1943 во Буковиќ (планина), Кичевско) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]
Душан Јовески | ||
Роден | 1920 година Јагол, Кичевско, Македонија под окупација на Кралство СХС | |
---|---|---|
Починал | 1 октомври, 1943 година Буковиќ (планина), Кичевско, Македонија | |
Националност | Македонец |
Животопис
уредиПо завршувањето на основното училиште, бил принуден да оди на печалба во Белград каде работел како пекарски работник. Во Белград станал член на УРС-овите синдикати, а подоцна ѝ член на СКОЈ. По окупацијата, се вратил во своето родно село каде пројавил голема активност за целите на народно ослободителното движење. Во пролетта 1943 година, бил мобилизиран од италијанските воени власти, успеал да побегне и да се вклучи во редовите на Кичевско - мавровскиот партизански одред. Со Одредот учествувал во повеќе борби низ Кичевско, а најпосле заминал на Буковиќ како претстража на слободната територија заедно со својот другар и соселанец, Мито Јовески. Загинал на 1 октомври 1943 година во борба со Германците и балистите.[1]