Мирко Серафимовски

Мирко Томев Серафимовски (9 јуни 1919 во Шопско Рударе, Кратовско12 април 1945 во Винковци, Хрватска) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Животопис

уреди

Израснал во средно имотно земјоделско и сточарско семејство. По завршувањето на основното четиригодишно училиште во родното место, имајќи доволно добиток, се определил да се занимава со сточарство. За време на окупацијата бил мобилизиран да служи во окупаторската бугарска војска. На 28 август 1944 година дезертирал и се приклучил во редовите на народноослободителната војска на Македонија, во состав на 42та дивизија - извидничка чета. Учествувал во борбите за ослободување на Куманово, Скопје, Гнилане и други места. Неговата единица е вклучена во состав на Петнаесеттиот корпус, со кој заминал на Сремскиот фронт. Како извидник крај Шид, длабоко навлегол во заднината на непријателот, прибирал податоци и незабележано се повлекувал. При ослободувањето на Винковци, на 12 април 1945 година, бил смртно погоден од топовска граната.[1]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Нивната борба за слобода, наш патоказ за иднината. Кратово: Општински одбор на СЗБ НОВ Кратово. 1985. стр. 51.