Љубе Серафимовски
Љубе Ѓошев Серафимовски ( 1921 во Шопско Рударе, Кратовско — 16 април 1945 во Винковци, Хрватска) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]
Животопис
уредиВо раното детство останал без родители ѝ за него се грижеле неговите постари браќа. Имал тешко детство, во кое уште од осмата година станал овчар на семејното стадо, а подоцна бил ценуван да работи на туѓи имоти. За време на окупацијата бил мобилизиран во бугарската окупаторска војска. По извесно време со уште неколку другари дезертирал и се приклучил кон народноослободителната војска, во редовите на Треттата македонска ударна бригада. Земал учество во ослободувањето на Куманово, Скопје и други места. По ослободувањето на Македонија заминал на Сремскиот фронт. Учествувал во борбите на Шид, Винковци и други места. Посебна храброст покажал при пробивањето на непријателската одбранбена позиција крај Шид. Крај Винковци јуришајќи на непријателска позиција бил погоден од рафал на непријателски митралез на 16 април 1945 година.[1]