Милош Нинковиќ
Милош Нинковиќ (Белград, 25 декември 1984) е српски фудбалер кој моментално игра за екипата на Сиднеј.
Клупска кариера
уредиЗа прв пат се појавил во екипата на Чукарички,[1] за чиј прв тим својот прв натпревар го имал во сезоната 2002/03, додека клубот се натпреварувал во Првата лига на СР Југославија. Тој добил поголема минутажа наредната сезона, кога клубот се натпреварувал во Втората лига.[2] Во 2004 година, Нинковиќ се преселил во екипата на Динамо од Киев. Во првите три сезони ретко добивал можност да игра. Во сезоната 2007/08 тој започнал да добива повеќе минути за игра. Со составот на Динамо двапати бил шампион на Украина (2007 и 2009 година) и трипати освојувач на купот (2005, 2006 и 2007 година). Вториот дел од сезоната 2012/13 ја поминал како позајмен играч во францускиот прволигаш Евиан.[3]
На почетокот на месец јули 2013 година, тој потпишал едногодишен договор со екипата на Црвена ѕвезда.[4] Својот прв натпревар го имал на 18 јули 2013 година и тоа против исландска екипа на Вестманеја (2:0) во второто коло од квалификациите за Лига Европа.[5] Црвено-белите таа сезона не се квалификувале за групната фаза од Лигата на Европа. По минувањето на Вестманеја, тие биле елиминирани од екипата на Черноморец. Нинковиќ бил стартер на сите четири европски натпревари. Тој ги постигнал првите голови за клубот во 2 коло од српската Суперлига, во победата над екипата на Јагодина (2:1).[6] Во 145-то вечно дерби тој настапил со заштитна кацига (маска) поради повреда на главата, а по неговиот центаршут, дефанзивецот на Партизан, Милан Обрадовиќ ја сместил топката во сопствената мрежа за победа на екипата на Црвена ѕвезда со резултат од 1:0.[7] Нинковиќ бил стрелец од пенал во победата на гостински терен кај тимот на ОФК Белград (2:1),[8] а потоа бил стрелец и во победата над екипата на Напредак (4:1) на стадионот Маракана.[9] Во претпоследното коло против составот на ОФК Белград (4:2) ставил точка на победата во 85 минута, со што црвено-белите победиле и ја освоиле 26та шампионска титула, прв пат по цели шест години.[10] Милош Нинковиќ таа сезона забележал и осум асистенции.[11]
На крајот на месец август 2014 година станал играч на француската екипа на Евиан, и тоа по втор пат.[12] По сезоната во Франција, Нинковиќ заминал да настапува во Австралија каде потпишал за прволигашот Сиднеј.[13]
Репрезентација
уредиОд 2009 до 2012 година одиграл вкупно 28 натпревари за сениорската репрезентација на Србија.[14] Својот прв натпревар го одиграл на 1 април 2009 година во Белград на пријателскиот натпревар против составот на Шведска (2:0), кога влегол на полувремето на местото на соиграчот од репрезенатацијата Милан Јовановиќ. Нинковиќ бил учесник на Светското првенство во 2010 година во Јужна Африка, каде настапил во натпреварите против репрезентациите на Германија (1:0) и Австралија (1:2). Последниот натпревар во националниот дрес го одиграл на 8 септември 2012 година против екипата на Шкотска (0:0) во квалификациите за Светското првенство 2014 година во Бразил.[14]
Трофеи
уредиДинамо Киев
уреди- Освоено е Украинското првенство (2): 2006/07, 2008/09.
- Освоен е Купот на Украина (3): 2004/05, 2005/06, 2006/07.
- Освоен е Суперкупот на Украина (4): 2006, 2007, 2009, 2011 година.
Црвена ѕвезда
уреди- Освоена е Српската Суперлига (1): 2013/14.
Сиднеј
уреди- Освоено е Австралиското првенство (3:: 2016/17, 2017/18, 2019/20.
Наводи
уреди- ↑ „Miloš Ninković: Biću svim srcem uz moj Čukarički, srećno u Evropi!“. fkcukaricki.com. 9 јули 2019. Архивирано од изворникот на 2022-02-02. Посетено на 14 мај 2020.. Проверете ги датумските вредности во:
|access-date=, |date=
(help) - ↑ „Miloš Ninković“. srbijafudbal.net. Архивирано од изворникот на 2013-09-26. Посетено на 14 мај 2020.. Проверете ги датумските вредности во:
|access-date=
(help) - ↑ „Ninković i zvanično među Rozima“. mozzartsport.com. 10 јануари 2013. Посетено на 14 мај 2020.. Проверете ги датумските вредности во:
|access-date=, |date=
(help) - ↑ „Милош Нинковић послушао срце“. crvenazvezdafk.com. 4 јули 2013. Посетено на 14 мај 2020.. Проверете ги датумските вредности во:
|access-date=, |date=
(help) - ↑ „Ninković: Nastup na "Marakani" sam sanjao još kao dete, neverovatan ambijent“. sport.blic.rs. 18 јули 2013. Посетено на 14 мај 2020.. Проверете ги датумските вредности во:
|access-date=, |date=
(help) - ↑ „Црвена звезда - Јагодина 2:1 (2:0)“. crvenazvezdafk.com. 17 август 2013. Посетено на 14 мај 2020.. Проверете ги датумските вредности во:
|access-date=, |date=
(help) - ↑ „Zvezdin ratnik Miloš Ninković: Rekli su doktori da ne udaram loptu glavom, ali nisam imao dilemu“. mozzartsport.com. 2 ноември 2013. Посетено на 14 мај 2020.. Проверете ги датумските вредности во:
|access-date=, |date=
(help) - ↑ „OFK Beograd - Crvena zvezda 1:2 (0:1)“. crvenazvezdafk.com. 30 ноември 2013. Посетено на 14 мај 2020.. Проверете ги датумските вредности во:
|access-date=, |date=
(help) - ↑ „Црвена звезда - Напредак 4:1 (1:1)“. crvenazvezdafk.com. 8 март 2014. Посетено на 14 мај 2020.. Проверете ги датумските вредности во:
|access-date=, |date=
(help) - ↑ „Анализа утакмице и играча против ОФК Београда: Звезда је шампион, све је готово…“. mojacrvenazvezda.net. 26 мај 2014. Посетено на 14 мај 2020.. Проверете ги датумските вредности во:
|access-date=, |date=
(help) - ↑ „На данашњи дан: Рођен Милош Нинковић“. mojacrvenazvezda.net. 25 декември 2015. Посетено на 14 мај 2020.. Проверете ги датумските вредности во:
|access-date=, |date=
(help) - ↑ „Ništa od povratka na Marakanu: Miloš Ninković potpisao za Evijan“. mozzartsport.com. 29 август 2014. Посетено на 14 мај 2020.. Проверете ги датумските вредности во:
|access-date=, |date=
(help) - ↑ „Australijska avantura: Ninković potpisao za Sidnej!“. mozzartsport.com. 16 јули 2015. Посетено на 14 мај 2020.. Проверете ги датумските вредности во:
|access-date=, |date=
(help) - ↑ 14,0 14,1 „Ninković Miloš“. reprezentacija.rs. Посетено на 14 мај 2020.. Проверете ги датумските вредности во:
|access-date=
(help)