Милан Јовановиќ (фудбалер 1981)

  

Јовановиќ во тимот на Ливерпул во 2010 година

Милан Јовановиќ (роден на 18 април 1981 година) бил поранешен српски професионален фудбалер кој играл на позициите како напаѓач.

Тој ја започнал својата кариера со екипата на ФК Војводина, но имал и кратки периоди поминати во клубовите на Шахтјор од Доњецк и Локомотив од Москва. Подоцна тој се приклучил на екипата на Стандард од Лиеж, каде што бил прогласен во 2008 година за играч на годината во белгиската Про лига. Наредната година ја освоил белгиска Златна копачка. Во 2010 – 11 тој ја минал сезоната во екипата на Ливерпул. По период минат во екипата на Ливерпул се вратил во Белгија и остатокот од својата кариера ја минал во клубот на Андерлехт.

Јовановиќ за српската репрезентација одиграл вкупно 44 натпревари. Својот прв натпревар за репрезентацијата го имал во 2007 година. За својата селекција постигнал 11 голови. Тренерот Радомир Антиќ создал одличен крилен тандем составен од Милан Јовановиќ и Милош Красиќ. Овој двоец бил запомнат како најдоброто партнерско крило во модерната историја на српската репрезентација. Јовановиќ ја претставувал Србија на Светското првенство во фудбал во 2010 година. Често го нарекувале според неговиот прекар Лане.[1]

Почетните години

уреди

Милан бил син на Стаменко и Гордана. Роден е и израснат во местото Бајина Башта. Подоцна во потрага по фудбалската кариера се преселил да живее во Ваљево, Нови Сад и Белград. Настапувал во младинските екипи на ФК Космос од Бајина Башта и ФК Будуќност од Ваљево.

Клупска кариера

уреди

Почетоци на кариерата

уреди

Јовановиќ својот прв натпревар за екипата на ФК Војводина го имал во сезоната 1999-2000. По Војводина настапувал во екипите на Шахтјор од Доњецк и Локомотив од Москва, пред да пристигне во редовите на екипата на Стандард од Лиеж во 2006 година.

Стандард Лиеж

уреди

Во составот на Стандард од Лиеж, Јовановиќ брзо станал миленик на навивачите. Во својата прва сезона постигнал 14 гола и веднаш го добил прекарот „змија“ поради неговото брзо движење и брзи реакции. Следеле уште две многу успешни сезони во Белгија, при што Јовановиќ одбил трансфер во 2009 година во шпанскиот гигант Реал од Мадрид. Не сакал да замине бидејќи не бил сигурен дека ќе игра редовно во новиот клуб.[2] Јовановиќ имал огромни успеси во Белгија и на 13 јануари 2010 година бил прогласен за играч на годината во Јупилер лигата. Сепак, една година подоцна, кога составот на Стандард од Лиеж ја завршил сезоната на 8-та позиција, Јовановиќ успеал да постигне 10 гола. Оваа сезона била последна како играч во белгиската лига.

Ливерпул

уреди

Милан Јовановиќ на 8 јули 2010 година му се приклучил на англискиот премиерлигаш Ливерпул на слободен трансфер.[3] Постоеле шпекулации дека ќе бил откажан преддоговорот што го потпишал, откако менаџерот на Ливерпул, Рафаел Бенитез поднел оставка во јуни 2010 година. Рафаел Бенитез објавил дека тој сака да го доведе играчот во неговиот нов клуб во составот на Интер. Сепак Јовановиќ ја потврдил својата намера да го испочитува неговиот договор во составот на Ливерпул. Во новиот клуб го добил дресот со број 14.[4] [5]

На 29 јули 2010 година, Јовановиќ го одиграл својот прв натпревар за составот на Ливерпул додека тренер бил Рој Хоџсон. Тоа бил натпреварот против екипата на ФК Работнички во Лига Европа. [6]Натпреварот завршил со резултат од 2:0. Својот прв натпревар за новиот клуб на домашен терен го имал против истиот противник во возвратниот натпревар.[7] Првиот натпревар во Премиер лигата го имал на 15 август 2010 година, против составот на Арсенал во нерешениот натпревар од 1:1 на стадионот Енфилд.[8] Својот прв гол за Ливерпул го постигнал на 22 септември, на стадионот Енфилд во Лига Купот против тимот од Втората лига, составот на Нортхемптон Таун.[9] Откако Кени Далглиш ја презел функцијата тренер на Ливерпул на почетокот на 2011 година, Јовановиќ ретко бил повикуван во составот. Понекогаш дури не бил ниту на клупата за резервни играчи.

Андерлехт

уреди

Во август 2011 година, Јовановиќ се преселил во белгискиот клуб Андерлехт, потпишувајќи двегодишен договор.[10] [11] На 17 март 2013 година Јовановиќ постигнал прекрасен гол против составот на КАА Гент. Тоа бил силен удар од околу 20 метри оддалеченост. Топката завршила во горниот десен агол од голот.[12] За целиот свој претстој во екипата на Андерлехт, тој постигнал 23 гола на 69 првенствени натпревари. Во летото 2013 година Јовановиќ не го продолжил договорот со екипата на Андерлехт. Тоа лето се вратил во Србија и тренирал во Нови Сад. Новинарите започнале да шпекулираат за премин на Босман во екипата на ФК Војводина.[13] Сепак, по заминувањето од екипата на Андерлехт, тој не потпишал договор со составот на Војводина и останал надвор од очите на јавноста поврзани со професионалниот фудбал.

Репрезентација

уреди

Милан Јовановиќ својот прв натпревар за српската репрезентација го имал на 2 јуни 2007 година против селекцијата на Финска. Србија тој натпревар го добила со резултат од 2:0, а Јовановиќ го постигнал вториот гол за својата репрезентација. Милан Јовановиќ бил најдобар стрелец за составот на Србија во квалификациите за Светското првенство на ФИФА за 2010 година. На 21 мај 2010 година, тој бил вклучен од страна на тренерот Радомир Антиќ во почетниот тим од 23 играчи на репрезентацијата на Србија за Светското првенство на ФИФА 2010 година.[14] На 18 јуни 2010 година, Јовановиќ го постигнал својот прв гол на Светското првенство на ФИФА, против репрезентацијата на Германија, во натпревар од групата Д, кој Србија го добила со резултат од 1:0.[15] На истиот натпревар, Јовановиќ наводно имал хумористична размена на зборови со играчот Марко Марин, кој бил со потекло од Босна и Херцеговина. Имено Марин признал дека кога го заменил соиграчот Томас Милер во 70 минута, Јовановиќ на шега му дофрлил да „трча поспоро“ за да на тој начин и овозможи на селекцијата на Србија да го сочува водството од 1:0.

Популарни коментари

уреди

Во октомври 2011 година, Јовановиќ бил споменат во австралиската серија „ Соседи“, каде Ендрју Робинсон го опишал како „еден од најголемите фудбалери на светот“. Неколку коментатори кои се занимавале со фудбалската проблематика од англиско говорно подрачје изразиле изненадување од таа изјава.[16]

Приватен живот

уреди

Милан Јовановиќ бил оженет со Наташа и со неа имале три деца Лазар, Душан и Милош.[1]

Статистика во кариерата

уреди

Клупска статистика

уреди
Одиграни натпревари за различни клубови и постинати голови во различни сезони
Клуб Сезона Лигашки натпревари Куп натпревари Лига куп Континентални натпревари Други натпревари Вкупно
Лига Натпревари Голови Натпревари Голови Натпревари Голови Натпревари Голови Натпревари Голови Натпревари Голови
Шахтјор од Доњецк 2002–03 Украинска Премиер Лига 6 1 1 0 0 0 0 0 7 1
2003–04 Украинска Премиер Лига 0 0 2 1 0 0 0 0 2 1
Вкупно 6 1 3 1 0 0 0 0 9 2
Локомотив од Москва 2004 Руска Премиер Лига 3 0 1 0 0 0 0 0 4 0
2005 Руска Премиер Лига 0 0 0 0 0 0 0 0 0 0
Вкупно 3 0 1 0 0 0 0 0 4 0
Стандард од Лиеж 2006–07 Белгиска Прва Дивизија 29 14 6 9 4 1 0 0 39 24
2007–08 Белгиска Прва Дивизија 31 16 4 2 1 0 0 0 36 18
2008–09 Белгиска Прва Дивизија 30 12 0 0 8 2 2 0 40 14
2009–10 Белгиска Прва Дивизија 26 10 0 0 11 3 1 0 38 13
Вкупно 116 52 10 11 24 6 3 0 153 69
Ливерпул 2010–11 Премиер Лига 10 0 0 0 1 1 7 1 0 0 18 2
Андрелехт 2011–12 Белгиска Про Лига 35 9 0 0 9 3 0 0 44 12
2012–13 Белгиска Про Лига 33 8 5 2 7 2 1 0 46 12
Вкупно 68 17 5 2 16 5 1 0 90 24
Вкупно во кариерата 203 70 19 15 1 1 47 12 4 0 274 98

Меѓународна статистика

уреди
Настапи и голови во репрезентација по година
Репрезентација Година Натпревари Голови
Србија 2007 година 6 1
2008 година 5 3
2009 година 12 5
2010 година 10 1
2011 година 9 1
2012 година 2 0
Вкупно 44 11
Список на оценки и резултати. Најпрво е бројот на голови на репрезенатцијата на Србија, а колоната 2 резултатот по секој гол постигнат на Јовановиќ за својата репрезентација.
Бр. Датум Место Противник Резултат Резултат Натпревар
1 2 јуни 2007 Хелсинки олимписки стадион,

Хелсинки, Финска

Финска 2:0 2:0 квалификации за Европско првенство 2008
2 15 октомври 2008 Ернст Хапел стадион, Виена, Австрија Австрија 2:0 3:1 квалификации за Светски Куп 2010
3 19 ноември 2008 Стадион на ФК Партизан, Белград, Србија Бугарија 1:0 6:1 пријателски натпревар
4 19 ноември 2008 Стадион на ФК Партизан, Белград, Србија Бугарија 2:1 6:1 пријателски натпревар
5 10 февруари 2009 ГСП стадион, Никозија, Кипар Кипар 1:0 2:0 пријателски натпревар
6 28 март 2009 Стадион Фарул, Констанца, Романија Романија 1:0 3:2 квалификации за Светски Куп 2010
7 10 јуни 2009 Торсволур, Торшавн, Фарски Острови Фарски Острови 1:0 2:0 квалификации за Светски Куп 2010
8 10 октомври 2009 Стадион на ФК Црвена ѕвезда, Белград, Србија Романија 4:0 5:0 квалификации за Светски Куп 2010
9 10 октомври 2009 Стадион на ФК Црвена ѕвезда, Белград, Србија Романија 5:0 5:0 квалификации за Светски Куп 2010
10 18 јуни 2010 Нелсон Мендела Беј стадион, Порт Елизабет, Јужна Африка Германија 1:0 1:0 ФИФА Светски Куп 2010
11 6 септември 2011 Стадион на ФК Партизан, Белград, Србија Фарски Острови 1:0 3:1 квалификации за Европско првенство 2012

Признанија

уреди

Шахтјор Доњецк

  • Освоен е Купот на Украина: 2003–04

Локомотив Москва

Стандард Лиеж

  • Освоена е Белгиската прва дивизија: 2007–08, 2008–09
  • Освоен е Белгискиот Суперкуп: 2008, 2009 година

Андерлехт

  • Освоена е Белгиска професионална лига: 2011–12, 2012–13
  • Освоен е Белгискиот Суперкуп: 2012 година

Индивидуални признанија

  • Прогласен е за Белгиски фудбалер на годината: 2007–08
  • Добитник на Белгиската златна копачка: 2009 година

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Bokan, Dragoslav (21 December 2015). „Lane“ (српски). Urban Book Circle. Архивирано од изворникот на 2022-01-26. Посетено на 15 February 2019.
  2. „Serbia's Milan Jovanovic to join Liverpool in summer“. BBC Sport. 10 February 2010. Посетено на 11 July 2010.
  3. Walsh, Kristian (8 July 2010). „Liverpool announce signing of Milan Jovanovic“. The Telegraph. Telegraph Media Group. Посетено на 8 July 2010.
  4. „Vesti dana - Kurir Dnevne novine“. Kurir. Архивирано од изворникот на 4 July 2010.
  5. „Milan Jovanović Profiel“. Goal.com.
  6. Vesty, Marc (29 July 2010). „Rabotnicki Skopje 0–2 Liverpool“. BBC Sport. Посетено на 29 July 2010.
  7. „Cole shines as Reds cruise“. Soccernet. ESPN. 5 August 2010. Архивирано од изворникот на 25 October 2012. Посетено на 5 August 2010.
  8. „Liverpool 1–1 Arsenal“. Soccernet. ESPN. 15 August 2010. Архивирано од изворникот на 2012-10-24. Посетено на 17 August 2010.
  9. „Liverpool 2 – 2 Northampton“. BBC Sport. 22 September 2010. Посетено на 22 September 2010.
  10. „Milan Jovanovic signs contract for two seasons“. RSCA.be (холандски). RSC Anderlecht. 2 August 2011. Архивирано од изворникот на 23 August 2011. Посетено на 2 August 2011.
  11. „Milan Jovanovic fully completes his move to Anderlecht“. BBC Sport. 5 August 2011. Посетено на 5 August 2011.
  12. „Former Liverpool flop Milan Jovanovic scores Le Tissier-esque Golazo for Anderlecht at Gent“. 101 Great Goals. 17 March 2013. Архивирано од изворникот на 2019-04-22. Посетено на 2022-01-26.
  13. „Lane Jovanović u Vojvodini!“ (српски). Telegraf. 10 July 2013.
  14. „Serbia cut Chelsea pair from World Cup squad“. BBC Sport. 21 May 2010. Посетено на 24 May 2010.
  15. Lyon, Sam (18 June 2010). „Germany 0–1 Serbia“. BBC Sport. Посетено на 19 June 2010.
  16. „Aussie soap neighbours declares Milan Jovanovic as one of the greatest soccer players in the world“. Off the Post. 18 October 2011. Архивирано од изворникот на 2018-11-13. Посетено на 18 October 2011.

Надворешни врски

уреди